Почетна Вести СПЦ и Католичката црква не се договорија, за Степинац ќе пресече Папата
СПЦ и Католичката црква не се договорија, за Степинац ќе пресече Папата

СПЦ и Католичката црква не се договорија, за Степинац ќе пресече Папата

416
0

Папата Франциск ќе ја има клучната одлука околу иднината на хрватскиот кардинал Алојзе Степинац. Дали тој ќе биде прогласен за светец на Католичката црква ќе пресече лично Папата Франциск. Мешовитата Православно-католичка, работна комисија формирана од Ватикан, по шест средби ја заврши својата работа, но без какви било суштински приближувања на позициите.

Во заедничкото соопштение стои дека уште на самиот почеток на работата на ова тело, членовите билое свесни дека постапката за канонизација на Степинац е исклучиво надлежност на Папата Франциск. Членовите на комисијата исто така признаваат дека секоја црква има свои правила и постаки за прогласување светци.

-Членовите на Комисијата исто така се сложија дека нивната работа овозможи подобро разбирање на историјата и годините помежу Првата светска војна и 1960 – годината на смртта на Кардиналот Степинац. Исто така беше можно да се осветли животот и службата на еден важен католички пастир во посебно проблематичен историски период. Се дојде до заклулок дека различните настани, настапи, записи, молчење и ставови се уште се предмет на ралични толкувања. Во случајот со Кардиналот Степинац, толкувањата кои главно ги даваа католиците Хрвати и православните Срби и понатаму остануваат различни. Проучувањето на кардиналот Степинац покажа дека сите цркви биле предмет на прогони и имале свои маченици и исповедници на верата. Во таа ссмисла, членовите на Комисијата се согласија околу можноста за идна соработка во поглед на заедничката работа, така што би ги споделиле сеќавањата за мачениците и исповедниците на двете цркви, стои во соопштението на работната комисија меѓу СПЦ и Католичката црква во Хрватска.

Последната седница на оваа комисија се одржа од 12 до 13 јули 2017 година во Ватикан, во домот Света Марта.

Од страна на СПЦ учествуваа Митрополитот Амфилохиј, Митрополитот на Загреб и Љуљана Порфириј, Бачкиот епископ Иринеј, епископот пакрачко-славонски Јован и профофесорот Дарко Танаскович, представник Репубика Србије при УНЕСКУ.

Католичката црква ја претсавуваа Кардиналот Јосип Божаниќ, надбискупот на Загреб, Антун Шкворчевиќ, бискупот пожешки, Ратко Периќ, бискупот мостарско-дувањски; Јуре Кришто и Марио Јареб од Хрватскиот институт за историја.

Комсијата за разговори беше формирана по барање на Српскиот Патријарх Иринеј.

/Религија.мк

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *