Почетна Вести СКАНДАЛОЗНО: Рускиот Патријарх го прогласи за нов ерес човековото право на избор
СКАНДАЛОЗНО: Рускиот Патријарх го прогласи за нов ерес човековото право на избор

СКАНДАЛОЗНО: Рускиот Патријарх го прогласи за нов ерес човековото право на избор

1.21K
1

Остра, а според многумина и скандалозна изјава на Рускиот патријарх Кирил во која тој човековото право на избор го нарече најнов ерес, истовремено повикувајќи ги верниците да се борат против него.

Московскиот и највлијателниот патријарх во Православието, вчера од неделната литургија во храмот „Христос Спасителот“ во Москва ги повикал верниците да го заштитат Православието од „ереста на човекопоклонението“ и да се борат против обидите да се воспостави правото на човекот со неговиот избор да прави што сака.

Агенцијата „Интерфакс“, ја пренесува изјавата на Патријархот Кирил, кој рекол дека во новото време универзален критериум за вистината постанал човекот и неговите права, со што почнува револуционерниот прогон на Бог од човечкиот живот и од општетството.

Во скандалозната изјава, Кирил за тоа ја обвинува Западна Европа и Америка, но и Русија.

-Денес можеме да зборуваме за глобален ерес на човекопоклонството, на новото идолопоклонство, исфрлајќи го Бог од човековиот живот. Овој ерес може да доведе до апокалиптични последици и Црквата треба да се бори со него. Должни сме да го заштитиме Православието и затоа верниците треба да тргнат како апостоли меѓу луѓето и да проповедаат, изјавил Рускиот патријарх Кирил во Москва.

-Гледам дека во многу развиени држави се настојува со закон да се утврди правото на каков и да е избор на човекот, вклучително и најгрешните кои се во спротивност на Божјото слово, изјавил Кирил.

Коментар(1)

  1. Нема тука ништо скандалозно, поентата е дека не е секоjа човекова желба и човеково право.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *