Почетна Анализа Кој е ватиканскиот Кардинал што ја посети Македонија?
Кој е ватиканскиот Кардинал што ја посети Македонија?

Кој е ватиканскиот Кардинал што ја посети Македонија?

474
0

Пиетро Паролин, државниот секретар на Ватикан, кој ја има улогата на премиер на ватиканската држава, од Скопје замина во посета на Бугарија.

Паролин е највисокиот претставник на Ватикан кој дошол во официјална посета на Македонија. До неговото доаѓање во Скопје, Македонија и Ватикан во дипломатските архиви имаат запишано и уште една посета на ватиканска делегација на Македонија. Во 2007 во Скопје на посета дојде тогашниот секретар за односи со државите, надбискупот Доминик Мамберти, кој ја имаше улогата н шеф ан ватиканската дипломатија.

На овој начин се заокружува една целина од меѓусебна комуникација на ниво на држави, што вообичаено Ватикан го прави со државите во кои католичкото население не е доминантно.

Според протоколите, сега реално би било следна да биде посетата на Папата Франциск на Македонија, но таа во пракса би иамла поинакво значење од само државно-дипломатска. Во принцип Ватикан настојува во државите во кои доминантна конфесија е друга верска определба, да има согласност, а со тоа и протокол за можна средба и со претставниците на таа верска заедница.

Човек од исклучителна доверба на Папата Франциск
Човек од исклучителна доверба на Папата Франциск

Ватиканскиот Кардинал, Паролин во Скопје рече дека засега нема нешто кое може да се толкува како одлука или тремин, дали и кога Франциск би ја посетил Македонија.

Сепак, неговата посета е од особено и исклучително значење за развојот во позитивна насока за односите меѓу Македонија и Ватикан.

Но кој всушност е Пиетро Паролин? Ватикански дипломат од исклучително висок калибар, кој на оваа функција го замени Тарчисио Бертоне. Неговото именување на високата функција имаше за цел да го интензизвира дипломатскиот дијалог со нова енергија и голема дипломатска конструктивност.

Вториот човек на „Ватиканскиот дворец“ има време пред себе. Оваа реченица го одбележа денот кога седна на премиерската позиција. Кога беше избран за државен секретар имаше 58 години, што во Католичката црква се смета за прилично малку за така важна функција. Помлад од него од минатиот век бил само Еугенио Пацели, кој во 1930 година станал секретар на 54 години, девет години подоцна, тој од конклавата дојде како Папата Пие  XII.

Паролин важи за добар преговарач, ефикасен и урамнотежен. Дел од  суптилните ватикански дипломати кои се испраќаат во земјите во кои е потребно да се покаже нешто повеќе од вообичаена дипломатска рутина.

Папата Бенедикт XVI веднаш го активира за тешките преговори со Кинезите. Помогнал во затоплувањето на односите со Израел, бил испратен на разговори со Хуго Чавез во летото 2009 година. Бенедикт го именуваше за апостолски нунциј во Венецуела.

Како надбискуп Паролин беше еден од најблиските соработници и на Папата Јован Павле II, кој на почетокот од 2003 година се обиде да го спречи нападот на западните сојузиници врз Ирак.

Дипломат кој има улога да пренесе многу поинаква порака.
Дипломат кој има улога да пренесе многу поинаква порака.

Петро Паролин е роден во Шеивон во Виченца. Кога имал десет години во сообраќајна несреќа загинал неговиот татко. На 14 години се запишал на Богословија во 1980 година, бил ракоположен за свештеник две години подоцна на понтификалниот грегоријански универзитет во Рим.

Како дипломиран правник почнал да работи во дипломатската служба на Ватикан каде и ја гради својата дипломатска кариера, поминувајќи многу позиции во државите во светот.

Во Нигерија, каде бил пратен на три години како дипломат имал улога во средбите меѓу христијаните и муслиманите.

-Со малку трпеливост и многу меѓусебна почит постојат добри шанси за мирољубива коегзистенција помеѓу Христијаните и Муслиманите во Африка, изјавил тогаш.

Следните три години поминал служба како Нунциј во Мексико, каде учествувал во завршетокот на преговорите помеѓу Мексико и Ватикан, кога по признавањето на Католичката црква повторно се воспоставени дипломатски односи со Светата столица.

Паролин важи за добар преговарач, ефикасен и урамнотежен.
Паролин важи за добар преговарач, ефикасен и урамнотежен.

По враќањето во Ватикан работел во националниот регистар, од 2002 до 2009 година бил потсекретар за односи со државите, функција која е еднаква на заменик министер за надворешни работи.

За свое епископално мото го избрал реторичкото прашање од посланетио на Павле до Римјаните: „Што нас ќе не разликува од љубовта кон Христос?“

Функцијата на Премиер во Ватикан е една од најзначајните, која се појавува во многу доцна во хиерархиската поставеност на „Ватиканскиот дворец“

Папата Климент VII беше прв кој на почетокот на XVII век ја воведе позицијата државен секретар, кои многумина ја споредуваат со позицијата на Премиер.

Новите папи главно ги задржуваа државните секретари по неколку месеци. Иван XXIII во 1958 година истата вечер кога е избран за папа именува свој државен секретар, но бидејќи местото претходно било празно од 1944 година, кога по смртта на тогашниот кардинал, Папата Пие XII не наименувал нов државен советник, туку ги користел советите на двајцата заменици на државниот секретар.

Најдолго на оваа функција бил Кардиналот Фабрицио Паолучи. Наименуван е прв пат во 1700 година од Папата Климент XI. На позицијата останува се до смртта на папата во 1721 година. Иако е најсилниот кандидат за следен Папа, тој не е избран на таа позиција поради царското вето. На позицијата државен секретара на Ватикан се враќа со изборот на Бенедикт XIII за Папа во 1724, каде останува до 1726 година кога починал.

М.Н.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *