Почетна Вести Скандалозен крај на Соборот на Крит, документите не се потпишани од сите епископи?
Скандалозен крај на Соборот на Крит, документите не се потпишани од сите епископи?

Скандалозен крај на Соборот на Крит, документите не се потпишани од сите епископи?

509
0

Бачкиот епископ Иринеј Буловиќ од СПЦ е еден од осумтемина епископи учесници на Соборот на Крит кој не ставил потпис на сите документи, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори.

Иако, на завршната прес-конференција на Соборот беше соопштено дека сите документи од Соборот биле усвоени едногласно и прифатени од сите епископи, последните информации зборуваат дека Соборот на Крит и не завршил во единство и на оние кои учествуваа во него.

2Покрај Иринеј Буловиќ, кој не го потпишал документот за „Односот на Православната црква со останатиот христијански свет“, своите потписи на некои од документите не ги ставиле и еден владика од Грчката православна црква, и дури шестмина од Кипарската православна црква.

Кипарските Владици исто така не ставиле потпис на документот за односите во христијанскиот свет, а грчкиот Епископ Јеротиј (Влахос) на текстот за „Мисијата на православната црква“.

Засега нема официјална потврда на овие информации од Соборот на Крит. „Двери.бг“ пишува дека има потврда дека четворица владици не ги потпишале документите, повикувајќи се на изјава на претседателот канонската и догматска комисија на ГПЦ, Митрополитот Хризостом.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *