Шкотски политичари го препознаа придонесот на капеланската служба за работниците во офшор индустријата

Date:

Share post:

Парламентарни групи и политичари во Шкотска го истакнале значењето на придонесот на капеланите при офшор индустријата (offshore industry chaplains) во поддршката на вработените во овој секторот, јавува Christian Today.

На неодамнешно собрание на Шкотскиот парламент, членовите на различни политички партии ја оцениле нивната служба како значајна и вредна за пофалба, особено во комплексниот и често ризичен офшор сектор на море, каде работниците се соочуваат со изолација, стрес и други предизвици. Морнарските капелани обезбедуваат духовна поддршка, советување и практична помош за лицата што работат на платформи, бродови и други далечни објекти, како и за нивните семејства.

Политичарите изразиле благодарност за нивниот придонес не само во сферите на верата и духовниот живот, туку и во поддршката за менталното здравје и благосостојбата на работниците. Истакнато било дека капеланите често се на првата линија на помош во во ситуации што ги надминуваат само професионални предизвици. Говорејќи за важноста на оваа служба, еден од поддржувачите во парламентот нагласил дека „поддршката што ја даваат капеланите е неопходна за оние што работат во офшор индустријата, бидејќи тие често се оддалечени од своите заедници и семејства“.

Овој потег на шкотските политичари доаѓа во контекст на пошироките напори да се признае важноста на црковните и верските служби во јавниот живот и дејноста, посебно во професии каде што изолацијата и стресот се дел од секојдневието. Поддршката за капеланите била оценета како конкретен пример на тоа како верските заедници можат да придонесат за добросостојбата на општеството и на работниците во критични индустриски сектори.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img