Сѐукраинскиот совет на цркви и религиозни заедници“ — дали е навистина сѐукраински?

Date:

Share post:

Фактот што Државниот комитет за верски прашања — претходникот на денешната Државна служба на Украина за етнички прашања и слобода на совеста (DESS) — помогнал во основањето на Советот и ја поддржувал неговата работа, покажува дека неговите активности биле и сè уште се во интерес и на државата.

Пишува: Томас Бремер (професор по црковна историја и студии за источни цркви на Универзитетот во Минстер, Германија) за (katholisch.de)

Пред триесет години, во јули 1996 година, беше основан Сеукраинскиот совет на цркви и верски организации. Иницијативата дојде од Државниот комитет за верски прашања. Во почетокот, претседателот на Комитетот (кој тогаш беше оддел во рамки на Министерството за култура) всушност беше наведен и како член на Советот. До 2005 година, државните претставници дури и заеднички ги потпишуваа документите и изјавите на Советот.

Од своето основање, членови на Советот беа најголемите верски заедници во Украина: двете (во моментот на основањето, три) православни цркви, католичките цркви од источниот и западниот обред, протестантските цркви од различни конфесии, како и слободните цркви. Покрај тоа, еврејските и муслиманските организации беа и сè уште се дел од Советот. На неговата веб-страница (https://vrciro.org.ua/) се објавени извештаи за неговите активности, вклучително и во скратена верзија на англиски јазик.

Сеукраинскиот совет беше основан како меѓуконфесионално советодавно тело чија цел беше да им овозможи на верските заедници да ги разменуваат своите ставови за теми од заеднички интерес. Тој не беше замислен како платформа за теолошки дијалог, туку пред сè како практично средство за поттикнување контакти меѓу верските заедници и за изразување на нивните заеднички ставови за прашања поврзани со државата, со цел да развијат заедничка позиција кон државните институции.

Фактот што Државниот комитет за верски прашања — претходникот на денешната Државна служба на Украина за етнички прашања и слобода на совеста (DESS) — помогнал во основањето на Советот и ја поддржувал неговата работа, покажува дека неговите активности биле и сè уште се во интерес и на државата. Во тоа може да се забележи и остатоок од советската традиција на користење на верските заедници за државни цели.

Оваа тесна поврзаност меѓу државните политики на Украина и Советот стана поочигледна во 2023 година, кога украинската влада започна да презема сè повеќе мерки против Украинската православна црква (УПЦ), која — според податоците што ги објавува државата — сè уште е најголемата верска организација во земјата.

Властите ја обвинија дека е дел од Руската православна црква — нешто што самата УПЦ категорично го оспорува. Неколку законски иницијативи сведочат за напорите на украинската држава да интервенира против УПЦ, што кулминираше со закон со кој би се забранила таа Црква (законот беше усвоен во 2024 година, но сè уште не е спроведен).

Канцеларијата на Високиот комесар за човекови права на ОН изрази загриженост за мерките што ги презема украинската влада. Извештајот на Европската Унија за процесот на проширување за 2025 година, исто така, повика Украина да направи подобрувања во оваа област.

Во 2023 година, Сеукраинскиот совет на цркви и верски организации се приклучи кон овие државни напори против еден од своите основачки членови. За да го направи тоа, мораше да ги прекрши сопствените принципи и правила.

На пример, според статутот на Советот, претседавањето треба да се ротира на секои шест месеци, по азбучен редослед според членките организации. И статутот и списокот на членки се достапни на веб-страницата.

Во септември 2023 година дојде редот УПЦ да претседава со Советот. Но, во август 2023 година, другите членови одлучија — без да ја вклучат или информираат УПЦ — да го прескокнат нејзиниот ред и претседавањето да ѝ го доделат на следната заедница, односно на адвентистите.

Оттогаш, УПЦ систематски е исклучувана од сите активности на Советот. Иако УПЦ сè уште формално е наведена како членка, таа повеќе не добива покани за состаноци на Советот.

Но, според статутот на Советот, изјавите можат да бидат усвоени само едногласно, што значи дека сите членки мора да се согласат, вклучително и оние кои не присуствуваат. Откако Советот ја маргинализираше УПЦ, тој често ги означува своите изјави како „Изјава на членовите на Советот“.

Украинскиот јазик нема членови (определен и неопределен член), па затоа нема разлика меѓу „Изјава на членови“ и „Изјава на членовите“, односно на сите членови. Со тоа се создава впечаток дека станува збор за официјална изјава на целиот Совет, што всушност не е така — сè додека УПЦ не се согласи, Советот формално не може да донесе одлука.

Доколку Советот ја покани УПЦ — како што е должен според своите правила — неговите одлуки не само што би биле валидни, туку и посилни. На пример, УПЦ ја осудува руската агресија на ист начин како и другите украински цркви. Бидејќи до мај 2022 година беше дел од Руската црква, нејзиното присуство како потписник би ги направило изјавите на Советот уште понагласени.

Советот не ги разгледал овие процедурални прашања. Објавените вести на Советот создаваат впечаток дека тој функционира нормално. Некои членови на Советот интерно се пожалиле поради дискриминацијата кон УПЦ.

Но, државните власти имаат повеќе начини преку кои можат да вршат притисок врз верските заедници. DESS одлучува дали свештенослужителите на една Црква ќе бидат мобилизирани во армијата (УПЦ не се наоѓа на списокот на заедници ослободени од воена служба). Црквите кои се обиделе да ги бранат правата на УПЦ во рамки на Советот биле предупредени дека може да бидат избришани од списокот на заедници ослободени од воена служба.

Членовите на Советот често патуваат во Западна Европа или Северна Америка. Сега, претставниците на УПЦ повеќе не се вклучуваат во тие делегации.

Затоа е важно западната јавност да знае дека таквите групи не го претставуваат Советот во целина, туку само бројни верски заедници во Украина — не сите, а пред сè не најголемата.

На 15 јули, делегација на Светскиот совет на цркви отпатува во Киев. На веб-страницата на Советот стои: „Сеукраинскиот совет на цркви и верски организации се сретна со делегација на Светскиот совет на цркви“. Меѓутоа, УПЦ не била поканета на таа средба. Наместо тоа, делегацијата одржала посебна средба со претставници на УПЦ.

Кога едно меѓуцрковно и меѓурелигиско тело премолчено поддржува дискриминација кон еден од своите членови, западните партнерски цркви и секуларните организации треба да го посочат тој факт.

Унапредувањето на владеењето на правото е основен елемент на процесот на пристапување кон Европската Унија. Но, владеењето на правото не значи само реформирање на судството; тоа се однесува на секое ниво на општеството и мора да се почитува и од страна на верските заедници.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img