Почетна Вести Христијанство Рускиот патријарх: Постои идеја „украинскиот рецепт“ да се повтори во Скопје
Рускиот патријарх: Постои идеја „украинскиот рецепт“ да се повтори во Скопје

Рускиот патријарх: Постои идеја „украинскиот рецепт“ да се повтори во Скопје

982
0

Рускиот Патријарх Кирил смета дека Вселенската патријаршија ќе и додели Томос за автокефалност на Македонската православна црква – ОА и дека на тој начин ќе се повтори сценариото од Киев во Скопје.

Оваа изјава Кирил ја дал во интервју за српска „Политика“ одговарајќи на прашањето дали е можно „украинскиот рецепт“ да биде применет на територии од други помесни православниц цркви, пред се во Македонија и Црна Гора.

-Ако се отфрлат споредните детали од “украинскиот рецепт“, како што Вие го нарекувате, сосема е едноставен: Цариградскиот патријарх на себе си даде право да од сега може да го ревидира кој било документ и договор, кој го издале неговите претходници, доколку неговата содржина не му одговара…  Следствено, тоа што патријархот Вартоломеј во интервјуто за вашиот весник го кажа за Македонија и Црна Гора, воопшто не гарантира дека украинското сценарио таму нема да се повтори. Македонија и Црна Гора сега се независни држави, а тоа значи дека актуелните канонски граници на СПЦ, според Томосот од 1922 година, Фанар може лесно да ги оспори… И не е случајно тоа што во тоа интервју, патријархот Вартоломеј напоменува дека тоа што и припаѓа на Србија и припаѓа канонски и еклисиолошки – тој намерно не зборуваше за Српската Црква, туку за Србија како држава, алудирајќи на тој начин на нејзините современи граници, вели рускиот Патријарх во интервјуто за српска политика.

Рускиот патријарх Кирил во интервјуто вели дека иако патријархот Вартоломеј зборува дека сега нема намера да ги менува границите на СПЦ, тој воедно изјавува и дека Цариградската Патријарпија е подготвена да ги пречекори тие граници, доколку стаса соодветно барање, или се појави некаква „поголема црковна потреба“.

-Таа „поголема црковна потреба“ во Фанар ја разбираат на свој начин… Дали некој од жителите на Балканот, рака на срце, би можел да гарантира дека пред, или после, некои нови или постоечки политички лидери, не би се обратиле до Фанар со барање за автокефалност? Дотолку повеќе, да не заборавиме дека такво барање веќе постои – од страна на премиерот на Македонија Зоран Заев. Тоа беше испратено минатата година, речиси истовремено со неславното барање на претседателот на Украина Петро Порошенко, и Синодот на Цариградската Патријаршија го стави во процедура на разгледување, а за тоа објави и официјална информација. Но, зошто Синодот на Цариградската Патријаршија би анализирал прашање за кое нема основа, како што тоа во неодамнешното интервју го рече патријархот Вартоломеј? Зарем постоењето на Томос од 1922 година не е доволна основа за отфрлање? Очигледно е дека сепак постои идеја „Украинскиот рецепт“ да се повтори во Скопје, заклучува Рускиот Патријарх Кирил во интервју за српска „Политика“.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *