
Рускиот монах што му бакна рака на Путин утре во Македонија
2.31K
0
Најпопуларниот монах на Руската црква, по потекло од Македонија, Отец Методиј од Вааламскиот манастир утре доаѓа во Македонија. Отец Методиј и уште неколку претставници на РПЦ ќе присуствуваат на поставувањето на крстот од мермер во Лешочкиот манастир, дознава Религија.мк.
Крстот кој е донасција преку Руската амбасада е на иницијатива токму на Вааламскиот манастир. Причината е што во Лешок, за време на прогонот на Руската црква, по октомвриската револуција, прибежиште нашле руски монаси од Вааламскиот манастир.
Отец Методиј е еден од најпопуларните монси на РПЦ, многу почитуван, а во јавноста е познат и по настанот кога му бакна рака на Владимир Путин.
/РЕЛИГИЈА.МК