Руски монах подари мошти на Марковиот манастир

Date:

Share post:

Марковиот манастир, крај Скопје добил на поклон мошти од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина, кои пострадале за Христовата вера.

Збогатувањето на духовната ризница на манастирот го направил монах на Руската православна црква од Австралија. Тој светите мошти и ги подарил на Игуменијата на Марковиот манастир, Сестра Илијана, при нејзиното поклоничко патување во Австралија.

Игуменијата Илијана заедно со една од сестрите, го посетиле рускиот скит посветен на Свети Јован Крстител, и старецот Јоаким, монах со австралијанско потекло, кој и ги подарил моштите од света Елисавета Руска и од 44 монаси маченици од манастирот Лавра во Палестина.

-Во близина на скитот, монахињите ја посетија пештерната ќелија на старецот Гури, основачот на скитот, а сега упокоен во Господа, како и женскиот руски манастир посветен на Казанската икона на Мајката Божја, каде што игуманијата Марија топло ги прими и пречека, соопштува Австралиско-сиднејската епархија на МПЦ.

Светите мошти, ќе бидат изложени во параклисот на Светиот Апостол и Евангелист Марко, вброени во богатството од мошти на светители, кое по Божјата милост се зголемува и достапни на сите верници кои притекнуваат со верба, во силата и благодатта која Бог ја излива преку нив, посочуваат од епархијата.

1 COMMENT

  1. Oce Gavrile ti blagodarime za se. Golema i blagorodna e tvojata misija vo Avstralija. Samo me cudi molcenjeto na Sinodot na MPC vo Makedonija.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img