Почетна Вести Македонски теолог магистрираше пред Иларион Алфеев
ve 1
ve 2
ve 3
ve 4
ve 5
ve 6
ve 7

Македонски теолог магистрираше пред Иларион Алфеев

1.66K
0

Tеолог Александар Ѓорѓиевски од Велес, вработен во администрацијата на Повардарската епархија на МПЦ-ОА, магистрирал на институтот за постдипломски студии при Одделот за надворешни црковни врски на Руската Православна Црква.

Ѓоргиевски минатата недела, магистерската теза ја бранел пред митрополитот Волоколамски, г. Иларион Алфеев, кој воедно е и шеф на црковната дипломатија на Руската Православна црква.

Интересна е за одбележување, темата што теологот на МПЦ ја обработувал, а ја бранел пред Руската Црква. Станува збор за магистерска дисертација на тема „Црковно-политичката ситуација на Балканот кон крајот на 12-ти и почетокот на 13-ти век“. Тоа период е еден од поинтересните црковни-политички периоди за Православието во овој дел од светот.

На одбраната присуствувале и делегати од Повардарската епархија: епархискиот секретар, протоѓакон Влатко Стоименов и потпретседателот на Епархискиот управен одбор, г-дин Ѓорѓи Ристов.

По завршувањето на официјалниот дел на магистерските одбрани, претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Руската Православна Црква, митрополитот Волоколамски, г. Иларион Алфеев, оствари средба со претставниците  од Повардарската епархија, велат од епархијата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *