375
0
На 20.09.2022 год, околу 15 часот, во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Битола, ќе пристигне чудотворната руска икона Покров на Пресвета Богороедица,.
Иконата досега беше изложена на поклонение во храмовите на Белградската Епархија на СПЦ и оттаму доаѓа во Битола, а потоа ќе пристигне во Ерусалим во Ерусалимската Патријаршија. На оваа чудотворна икона досега во Белградската Епархија се поклониле повеќе од 400 илјади верници.
Преспанско-пелагониската епархија ги поканува верниците на Макадонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, кои имаат желба да се поклонат и да испросат милост од Мајката Божја, преку нејзината чудотворна икона.