
147
0
Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Х. Сулејман еф. Реџепи упати порака до верниците од исламска вероисповест по повод почетокот на светиот месец Рамазан.
-Со сета душа го молам Алах џ.ш. овој месец да го дочекаме духовно што по подготвени , исполнети со верба и со воља за извршување на нашите ибадети и верски должности. Нека ви е среќен и бериќетен светиот месец Рамазан, да ви биде исполнет секој ден со среќа, со пост и ибадети, убавините и задоволството на Рамазан нека ве следат низ целиот ваш живот, вели Реџепи во пораката по повод почетокот на светиот месец Рамазан.