Путин влез во замрзнато езеро за Водици

Date:

Share post:

Претседателот на Русија Владимир Путин се нурна во студено езеро за христијанскиот празник Богојавление.

Руската државна телевизија го пренесуваше влегувањето на 65-годишниот Путин во езерото Селигер, околу 400 километри северно од Москва.

Ројтерс пренесува дека температурата на воздухот во тој момент била шест степени под нулата.

 

На Путин ова не му е првпат да се соблекува пред камерите и да ги покажува своите атлетски вештини.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img