
338
0
Томче Голабоски, стружанец иселеник кој живее во Холандија, беше најсреќниот меѓу стотината верници кои скокнаа во водите на Црн Дрим и го фати Чесниот крст што во осветените води го положи владиката Тимотеј, митрополитот на Дебарско-кичевската епархија.
На свеченоста по повод Богојавление Водици и осветувањето на водите на Дрим присуствуваше и претседателот на Владата Зоран Заев, кој на граѓаните им го честита празникот, посакувајќи им здравје, среќа и напредок.