Рускиот претседател Владимир Путин планирал посети на Грција и на Света Гора за октомври 2016 година, објавуваат грчките медиуми, повикувајќи се на доверливи извори од грчкото Министерството за надворешни работи.
Посетата на рускиот претседател се совпаѓа и со одбележувањето на 1000 годишнината од руското монаштво на Света Гора.
Според неименуваните дипломатски извори Рускиот претседател ќе пристигне во Атина, каде ќе се сретне со претседателот и премиерот на Грција, како и на Поглаварот на Грчката православна црква.
На Света Гора, рускиот претседател ќе биде во дводневна посета, при што ќе учествуваат во прославата на Милениумските руси на Света Гора.
Инаку, ова не е прва вест за евентуална посета на Путин на Грција и на Света Гора. Досега за такво нешто пишуваа многу медиуми во Европа, повикувајќи се на дипломатски извори. Официјално Кремљ не ги потврди ваквите најави, иако прославата во Света Гора е во организација на Руската влада и руското министерство за култура.