Почетна Вера МПЦ-ОА Прва архиерејска литургија во манастирот во Делчево
Прва архиерејска литургија во манастирот во Делчево

Прва архиерејска литургија во манастирот во Делчево

202
0

Прва архиерејска литургија за празникот Источен Петок Балаклија беше отслужена во манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ во Делчево. Ја СЛУЖЕШЕ ЕПИСКОПОТ Делчевско-каменички Марко.

Ктитор на овој мансстирски комплекс е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, а на празникот Источен Петок практично населението на Делчево се собира како своевидна градска слава.

-Со радост дојдовме да отслужиме литургија за животворниот Источник кој во народот е познат и како Источен Петок или Балаклија. Сето тоа поврзано со главниот израз, а тоа е животворен Источник, тоа е Пресвета Богородица. Пресвета Богородица ни го родила животот, а тоа е Господ Исус Христос и затоа ја нарекуваат Животворен Источник. Затоа сме денес тука да и оддадеме почит на Пресвета Богородица. На литургијата имавме верници, но тие обично доаѓаат попладне да се напијат од изворот и да земат благослов од Животворниот Источник, истакна г.Марко.

Манастирскиот комплекс „Св.Богородица Балаклија“ во Делчево е седиште на самата епархија и со негово доуредување наскоро овој манастир ќе го добие ликот кој го заслужува, станувајки жив манастир.

-Ние веќе направивме план за внатрешното уредување на конакот кој треба да биде резиденција на делчевско-каменичката епархија. Со божја помош ќе обезбедиме и средства од добри луѓе од донации, но и од самата црква ќе помогнеме да го уредиме и што побрзо да се вселиме и да биде овој жив манастир, додаде епископ Марко.

Верниците кои поради лошото време денес беа во помал број истакнаа дека овде порано имало поголем број на посетители, посочувајки дека истиот бил далеку попосетен пред корона пандемијата.

фото и видео делчево 365.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *