Почетна Коментар Дописништвото на руската пропаганда во Македонија зема залет
Дописништвото на руската пропаганда во Македонија зема залет

Дописништвото на руската пропаганда во Македонија зема залет

487
0

Официјлниот црковен портал на МПЦ-ОА, литургија.мк продолжува да се однесува како дописништво на руски спутник во Македонија. Веќе извесно време овој сајт ја шири руската црковна пропаганда, а во последно врме ги користи и формулациите што за оцрнување ги користат и руските пропагандистички сајтови, кои се редовен извор на информации на литургија.мк. Меѓу последните е спинувачки текст преземен, токму од еден од ботовите на руската црковна пропаганда, а се однесува на интервју на поглаварот на Автокефалната црква на Украина, дадено за Радио Слободна Европа. Насловот на текстот е „Епифаниј Думенко: Според Томосот, Православната црква на Украина нема право на парохии во дијаспората“ и овој текст има единствена цел да предизвика дополнителни конфузии во македонската јавност.

Тоа што литургија.мк го ослувва Митрополитит Епифаниј, како што то го прават руските пропагандисти е една работа, другата е контекстуално извадените заклучоци, во кои други има и невистини и мешање поимови, како Епархија и Парохија.

Руското дписништво на Спутник во Македонија, намерно ги премолчува фактичките состојби, кои веќе одамна се расчистени околу тоа зошто ПЦУ нема епархии во Дијаспората. Иако Епифаниј тоа во интервјуто го разјаснува, сепак тоа за руските пропагандисти во МПЦ е неважно.

Случајот Украина и Македонија и дијаспората се две различни ситуации, различни како Господ и Шеирџија. ПЦУ никогаш немала никаква дијаспора и оние Украинци во дијаспората, кои не ја поднесувале руската црковна хегемонија, секогаш се црквувале во храмовите на Всленската патријашрија. Она што сега е ново, што Епифаниј и го објаснува во интервјуто е токму спротивно на она што „Спутник.мк“ го пласира. Автокефалната црква на Украина, со поддршка на Вселенската патријаршија веќе има испратено голем број украински свештеници кои служат литургија на украински, а не на руски, во црквите на Вселенската патријаршија, начин на кој веќе се создаваат и парохиски заедници на Укринци. Договорот меѓу Фанар и Киев подразбираше дека тие ќе останат во формална заедница под Вслеенската патријаршија.

Македонската црковна дијаспора е сосема друго прашање и таа е дел од состојбата што ја имаат сите останати православни цркви кои имаат дијаспора. Тоа значи дека македонските цркви во дијаспората ќе продолжат да функционирата под јуриздикција на МПЦ-ОА и на нејзините оформени епархии како и досега. Она што Вселенската патријаршија го поставува како прашање е да нема поклопување на титулите на митрополитите со нивните.

Впрочем дека Вселенската патријаршија не бара ништо повеќе од ова, сведочи неодамнешното формирање на македонскиата црковна заедница во Белгија, каде токму за создавање таква заедница, според белгиските закони, потребна е дозвола од Вселенската патријаршија.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *