Продолжуваат поделбите во УПЦ-МП, проукраинскиот митрополит на Одеса ја екскомуницираше руската пропагандистка

Date:

Share post:

Продолжуваат поделбите во Украинската православна црква – Московска патријаршија. По јавните напади врз владици на оваа црква, митрополитот на Одеса Агатангел потпиша указ со кој православната правобранителка Викторија Кохановска ја екскомуницираше и и забрани Светата Причест. Документот е датиран на 27 јуни 2026 година и е објавен на официјалниот Телеграм-канал на Одеската епархија.

Во указот се наведува дека основа за донесената одлука се „дрското однесување, губењето на женското достоинство, злонамерното непочитување на црковната хиерархија, ширењето лажни гласини и неосновани обвинувања, клевети, понижувачки изјави, хулење и навреди кон архијереите, свештениците, ѓаконите и монаштвото на Украинската Православна Црква“, како и „намерните обиди да се посее непријателство меѓу архијереите и верниците“ и „провокативните повици за нарушување на црковниот поредок“.

Контроверзии во УПЦ (МП): Јавни обвинувања и поделби околу прашањето за автокефалија

Копија од указот е испратена до Поглаварот на Украинската Православна Црква, Неговото Блаженство, митрополитот киевски и на цела Украина Онуфриј.

Проруската пропагандистка на УПЦ (МП), Викторија Кохановска, која со благослов на управителот на работите на оваа руска црква во Украина, борисполскиот митрополит Антониј (Паканич), се занимава со нејзиниот јавен имиџ, претходно упати остра критика кон проавтокефалните позиции на повеќе епископи на УПЦ (МП). Поконкретно, таа со груб и навредлив тон го критикуваше одескиот митрополит Агатангел (Савин) и други архиереи на УПЦ (МП), кои се изјаснуваат за одвојување на оваа црква од Московската патријаршија. Навредувајќи ги и понижувајќи ги поради нивната проукраинска позиција, таа изјави дека овие архиереи „беснеат“ затоа што сакаат автокефалија и се закани дека сите проукраински епископи ги ставила на својата „црна листа“.

1 COMMENT

  1. Верска пропагандистка? Верски активисти? Тоа е некоја нова категорија во Православието? Не се занимавајте со маргинални работи ниту експонирајте и кревајте на лажни пиедестали луѓе кои не можат да бидат лицето на Црквата, а уште помалку Нејзиното срце. Се разбира, само Бог го знае срцето и подвигот на секого.
    Но, ножот кој го извади Св. Апостол Петар за да го одбрани Христос мора да биде вратен назад во корицата/футролата. Тој нож го повлекоа украинските автокефалисти на новопризнаената од Цариград ерархија, и Христос не само што остана оттогаш распнат, исмеан, исплукан, туку за нечиј белосветски ќеф бива и заборавен.
    Монаштвото е лицето и срцето на Црквата. Кога т. н. Православна Црква на Украина ќе роди и одгледа автентично, живо монаштво кое ќе принесе плод на покајание, па кога сите ќе ја видат нивната светлина, тогаш ќе може и да се говори за Црква, за мир, за љубов, за Христос. Денес
    Некои велат нема Руски Христос, Грчки Христос, Македонски, Српски итн. Некако не се согласувам со тоа. Ни живите икони Христови не се исти меѓусебе, ама се препознатливо како живи икони Христови, секоја од нив откривајќи ги суштинските богочовечки атрибути Христови, иако на различен, самосвоен начин. Има разлики и во пристапот кон Преданието, но разлики кои не му закинуваат ништо од неговата листота и севкупност (таму каде што се ревнува за светоста). Но мирот е мир. Ако единствените монаси што ги имала Украина биле Руси или биле монаси со различна националност но сепак духовно родени и одгледани во Украинската Православна Црква на Московската Патријаршија, Украина не смеела да си дозволи да се лиши од нив. Фактот дека украинската власт барала таа единствена помесна Православна Црква од постоечките на нејзина територија со бројно живо монаштво да биде анулирана, за да биде над Нејзината чест и духовна власт издигната друга, која се’ уште не успеала да даде таков плод на покајание, можел да биде добар знак на предупредување и поттик за богоусрдна ревност кон поголеми духовни плодови, начин да се чува неодземливиот мир (зашто мирот пред се’ живее во луѓето како садови Божји, не е толку битно кој го носи и чува, но од суштествена важност е да го има). Знаете, многу гулаби живеат на покривот од мојата куќа, нивниот измет по полиците за цвеќе, по стреите и буките, по мермерот, по чадорите за сонце во дворот итн. постојано валка насекаде, но кога еден од нив ќе падне болен или ќе умре настанува таква загуба што жалам за секое негодување и поплака кон нивните брбушки. Не би сакала ниеден од нив да си замине одовде или не дај Боже да настрада.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img