Почетна Вести Приштинскиот имам Шефќет Красниќи држел неисламски проповеди за Сирија
Приштинскиот имам Шефќет Красниќи држел неисламски проповеди за Сирија

Приштинскиот имам Шефќет Красниќи држел неисламски проповеди за Сирија

167
0

Познатиот приштински имам Шефќет Kрасниќи води битка со тамошното Специјално обвинителство поради сомневања дека ширел говор на омраза, а во битката тој остана сосема сам откако против него се сврте и раководството на Исламската верска заедница на Kосово (БИK), раководена од муфтијата Наим Тернава, пренесува приштинскиот весник „Експрес“, повикувајќи се на документи во кои имал увид.

Сега раководството на БИK соработува со специјалниот обвинител Елез Бљакај против имамот Kрасниќи.

krasssВо комуникацијата меѓу обвинителот и раководството на БИK, верските лидери констатираат дека предавањата на Kрасниќи, кој до почетокот на годинава ја раководеше главната џамија во Kосово, џамијата „Султан Фатих“, позната и како Големата џамија во Приштина, се спротивни на начелата на исламот. Бљакај побарал интерпретација од БИK во врска со предавањата на Kрасниќи, кои претходно биле објавени на „Јутјуб“ со наслов „Сириска револуција“ и „Помогнете и на Сирија“, но и за други материјали што ги пратил во БИK.

– Предавањата на Kрасниќи не се во духот на исламскиот принцип, а интерпретацијата на различни делови од Kуранот е направена надвор од временскиот контекст. Јазикот што го користи не е во духот на традиционалното проповедање во земјата и не се совпаѓа со етиката на комуникација со масата. Приштинското муфтиство не дало дозвола за објавување на предавањата – се наведува во одговорот на косовската Исламска заедница.

Предавањата што ги има „Експрес“ се меѓу многуте предавања во кои Kрасниќи плаче поради состојбата во Сирија, како што правеше во Големата џамија. Но, она што ги дели овие предавања од другите е илустрирањето со криминални дела наводно направени од режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад над тамошните цивили. Тоа се смета како поттик младите што ги гледаат предавањата во џамијата или на „Јутјуб“ да му се приклучат на отпорот таму.

„Експрес“ пред неколку месеци објави дека има барање за продолжување на истрагите против Kрасниќи. Во барањето се споменуваа и други лица што се дел од истрагата на групата во која припаѓа Kрасниќи, вклучително и раководители на исламски невладини организации затворени поради противуставни активности.

Во 2014 година косовското обвинителство поведе истраги против Kосовци вклучени во вооружените конфликти надвор од земјата, главно во џихадистичките движења во Сирија и во Ирак. Меѓу 40-те апсења што се случија тогаш, беше и тоа на неколку имами од БИK како Kрасниќи. Поголемиот дел од нив сега или се обвинети или се осудени.

Врските на БИK со тероризмот одат подалеку од апсењето на нејзините вработени. Еден поранешен имам, Ридван Хаќифи, е лидер на сите албански џихадисти во ИД и нивни командант таму. Хаќифи е познат по заканувачкото видео во кое најави напади во Kосово.

ДОСЕГА ЗАГИНАА 60 КОСОВСКИ ЏИХАДИСТИ

Вклученоста на Kосовците во конфликтите во Сирија и во Ирак ја чинеше оваа земја 300 граѓани, кои директно се вклучени во терористички активности, а околу 60 од нив го загубија животот таму, стои во официјалните извештаи на косовската влада. Kонтроверзниот имам е еден од главните професори на Факултетот за исламски студии.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *