Презентација на програмата за националната прослава за Света Мајка Тереза
274
0
Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Скопската Бискупија и Градот Скопје, утре ќе ја презентираат програмата за Татковинската прослава „Денови на св. Мајка Тереза“, која ќе се одржи во Скопје од 4 до 11 септември 2016 година, а е по повод нејзиното прогласување за светица, што на 4 септември 2016 година во Ватикан ќе го направи папата Франциск.
Програмата ќе биде презентирана на прес конференција во Градот Скопје, на која ќе зборуваат, Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Валентина Божиновска и бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов.