
Древната вера привлекува многумина кои не се поврзани со историски православните земји, пишува The Wall Street Journal.
Изданието зборува за историјата на Мишел Хименс, која била капетан на нафтен танкер во Мексиканскиот залив. Хименс во почетокот на 2020 г. ѝ се придружила на групата за проучување на Библијата, која била организирана од православен член на екипажот. Иако уште во најрана возраст била крстена во римокатоличката вера, Мишел никогаш не била воспитана во таа или во некоја друга вера. Експериментирала со религиските системи на Њу ејџ и Зен будистичката медитација, но не нашла духовен спокој. Нејзината средба со христијанството ја однела до православната литургија.
„За време на богослужбата го почувствував тоа силно присуство на Бога. Почувствував дека сè ќе биде во ред, што и да се случи“, си спомнува 36-годишната Хименес за првиот свој опит во православното богослужение. Таа го примила светото крштение на Велика Сабота во 2022 година, станувајќи дел од малата, но за кратко време брзо растечка група Американци со различно потекло, кои го примиле православието во текот на последните неколку години.
Православното население во САД е доминирано од емигранти кои потекнуваат од историските земји на Православната Црква. Последните неколку години, поради широко достапните информации на Интернет, Црквата сè повеќе го привлекува вниманието на луѓето, кои што немаат родна врска со Православието – тенденција којашто изгледа се зголеми после избувнувањето на пандемијата КОВИД 19.
Во врска со ова, некои православни свештеници во земјата зборуваат за раст на паствата за повеќе од 15 % за една година, а спротивно на тоа се забележува општа тенденција на опаѓање на интересот за другите деноминации.
Алексеј Криндач, национален координатор на пребројувањето на православните цркви во САД, изјави дека во текот на 2020 год. оние што практикувале источно православие во САД биле 675 000 души, помалку од минатото десетлетие кога биле забележани 816 000. Повеќето парохии ги загубија своите членови после избувнувањето на пандемијата. И покрај тоа, во 2020 год. околу 13% од православните парохии доживеаја пораст на животноста, што е измерено не само преку растот на членството, туку и со други показатели, вклучително и посетеност на црквата, финансиски прилози, запишување за проучување на религијата и учество во парохиските активности надвор од богослужението. Среде карактеристиките на тие парохии, вели тој, се забележува и многу високо членство на новокрстени.
Според некои, не е случајно што пандемијата, со сите свои социјални и економски потреси, дпридонесе кон тоа нов народ да биде привлечен од православната Црква, од убавината на нејзиното богослужение и храмовата естетика.
„Сите ние искусивме како тлото на земјата ни се поместува под нозете“, вели о. Стивен Матеус, свештеник во црквата во Bluff City, Тeнеси. „Многу луѓе бараат нешто што може да го запре движењето на времето, независно од тоа што се случува во светот“.
Многу од новокрстените што се присоединуваат кон парохиите, а кои јас почувствуваа полнотата на животот после пандемијата, се млади мажи, кажува А. Криндач.
26 годишниот Кајл Ригс, службеник во Националната армиска гарда на САД и бивш баптист, се присоедини кон Православната црква во 2021 г. Според него, на многу мажи им е предизвик и им прилега строгиот режим на молитва и пост таму. Духовниците, пак, постојано ги советуваат новообратените во верата постепено да се прилагодуваат кон црковната дисциплина во тој поглед.
Истражувачите велат дека, новокрстените се поконзервативни во однос на социјалните и морални прашања, на пример во однос на истополовите бракови и ракополагањето на жени, во однос на родените во таа црковна традиција.
Д-р Колет Хојлман, 29-годишна докторка и млада мајка во Kingsport, Тенеси, којашто претходно ја посетувала евангелска црква, станала православна малку пред да се омажи во 2020 г. Таа раскажува дека еден од нејзините пријатели протестанти ја прашал како може да се присоедини кон црква, во којашто само мажи можат да бидат свештеници? Таа му одговорила дека тоа не претставува проблем за неа: „Православната црква ги почитува жените. Ние ја почитуваме Божјата Мајка повеќе од сите светци“, вели Хојлман.
Напливот на луѓе без етнички православен происход понекогаш предизвикува тензии. Свештеникот Варнава Паул, бивш пастор Пентакосталец, којшто има парохија во Cumming, северно од Атланта, вели дека некои грко-американци кои биле членови на паствата, побарале да биде отстранет, бидејќи не е со грчко потекло, но тој успеал да го победи тоа. Тој започнал да организира курсеви по грчки јазик и годишен грчки фестивал, така што 75% од неговата паства ја сочинуваат новокрстени, кои го знаат значењето на грчката култура во историјата на православната вера.
29-годишната Џенифер Мекданиел, која е графички дизајнер и бивша баптистка од Њујорк, станала православна во 2017 год. Таа вели дека никогаш не се чувствувала удобно таму каде што богослужението претежно се одвивало на грчки јазик. Се почувствувала како дома во парохијата на о. Варнава Иванов, која се наоѓа во во Long Island. Таму литургијата се служи на англиски јазик и половината од паствата се новокрстени, а таа е единствениот афроамерикански член.
Отец Варнава, кој израснал во православно семејство со македонско потекло, кажува дека новокрстените започнаа „да ја менуваат ориентацијата на црквата од етничка, интровертна и внатрешно ориентирана, кон мисионерска, надворешно ориентирана“ – чекор, кој според него е неопходен ако Православната црква сака да преживее во САД.
Извор: The Wall Street Journal