Православните верници утре нема да одат на работа

Date:

Share post:

Утрешниот ден понеделник е неработен ден за православните верници.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот  за празниците од 2007 година, 28 август е неработен ден за верниците од православната вероисповест.

Тие го празнуваат празникот „Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)“, кој има традиција на масовно одбележување во Македонија

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од православната вероисповед им го честита празникот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img