Почетна Анализа Посетата на српскиот патријарх на Велика Британија потсетува на Првата Светска Војна
Посетата на српскиот патријарх на Велика Британија потсетува на Првата Светска Војна

Посетата на српскиот патријарх на Велика Британија потсетува на Првата Светска Војна

234
0

Црковниот лидер на Србија ги следи стапките на епископот чија херојска проповед во Лондон во 1916 година остави силен впечаток на британската јавност за време на Првата Светска Војна

Српскиот патријарх Иринеј во неделата ја заврши четиридневната посета на Англија, која ја одбележа 100-годишнината од драматичната посета на српски свештеник на Лондон во екот на Првата светска војна, која направи многу за зајакнување на англо-српското пријателство. Неговата посета се совпадна со – и беше засенета од – поконтроверзната посета на Лондон од страна на рускиот православен патријарх.

Неколку британски пратеници и медиуми ја осудија и се обидоа да ја спречат руската посета поради цврстата поддршка на рускиот патријарх за политиката на рускиот претседател Владимир Путин во Украина и Сирија.

irinej-lo-2Посетата на Иринеј се случи во време кога српската заедница се шири во Велика Британија во согласност со општото зголемување на бројот на лица од Источна Европа кои работат во земјата.

Тој му рече на својот домаќин, лидерот на Англиканската црква, надбискупот Џастин Велбај од Кантербери дека му било жал да ја напушти својата стара епархија во Ниш, јужна Србија, каде што рече дека „луѓето доживеале многу тешкотии, но ја сочувале верата“.

Со поостар тон тој рече дека Србите доживеале „големо изненадување кога Англија им се придружила на другите земји од Европа во бомбардирањето врз Србија“ во 1999 година.

irinej-loПо покана од англиканските лидери, во петокот Иринеј имаше проповед во матичната црква во Лондон, катедралата „Свети Павле“, одбележувајќи речиси сто години од незаборавната проповед од 28 јуни 1916 година, на владиката Никола Велимировиќ.

Неговиот опис на Србија како „европска полноќ“ остави силен впечаток врз британската јавност и придонесе многу да се креира тогашното мошне поволно мислење за Србија во Англија, што влијаеше на надворешната политика на Велика Британија по Првата светска војна.

Таа година, британската влада го прогласи „Денот на Косово“ на 28 јуни за официјален празник и на улиците се делеа српски знамиња и химни.

Додека српската посета помина без проблеми, паралелната посета на рускиот патријарх Кирил се покажа поконтроверзна во време на висока напнатост меѓу Велика Британија и Русија во врска со акцијата на Москва во Сирија.

Неколку пратеници и медиуми ја критикуваа одлуката на кралицата Елизабета да се состане со патријархот во Бакингемската палата, истакнувајќи дека монархот дава „ПР-можност на еден од клучните сојузници на претседателот Путин“.

/БАЛКАН ИНСАЈТ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *