ПОПИС: Босна и Херцеговина е третата доминантно муслиманска држава на Балканот

Date:

Share post:

Босна и Херцеговина е третата држава со доминантно муслиманско население на Балканот. По Албанија и Косово, над 50 % од населението и Босна и Херцеговина се муслимани.

Последниот попис покажа дека од 3,531,159 жители, 50.7% од населението се декларира како припадници на Исламот, 30,75 % пак се припадници ан Православните Христијани, 15.19 % се Католици, а нешто повеќе од 0.3% се декларираат како Агностици.

Верската припадност речиси во најголем број се поклопува со етничката припадност. Бошњаци се изјасниле за околу 50.11%, Хрвати 15.43%, Срби 30,78%, а околу 0.77% не искажале никаква етничка припадност.

Најголем процент од населението живее во Федерацијата, 60.85%, Република Српска  34.7% и околу 2.3% во Дистрикт Брчко. Република Српска нема да го признае пописот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img