Почетна Вера Погледнете ја иконата на Свети Кипријан, игуменот што МПЦ денеска го прогласи за светител
slepce 8
slepce 1
slepce 22
slepce 3
slepce 4
slepce 5
slepce 6
Sv. Kiprijan ..

Погледнете ја иконата на Свети Кипријан, игуменот што МПЦ денеска го прогласи за светител

3.13K
0

Во манастирот Св. Јован Претеча во демирхисарското село Слепче Македонската православна црква – ОА  изврши канонизација  и го прогласи за светител Игуменот Кипријан Слепченски.  Со чинот на канонизација чиноначалствува Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на останатите митрополити и епископи на МПЦ – ОА, како и архимандрити.

Одлуката на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА со која Св. Кипријан Слепченски се запишува во списокот на светите беше соопштена во текот на Светата литургија. Во манастирот беше осветена и иконата на Св. Кипријан, пред која верниците се поклонуваа.

Канонизацијата на Св. Кипријан кој на 30 април 1780 година маченички пострада за православната вера е првата свечена активност, во програмата за одбележување на 50 години од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Синоќа пак со почеток во 17 часот беше отслужена свечена вечерна богослужба во манастирот на која чиноначалствуваш Митрополитот преспанско – пелагониски Петар со Викарниот Епископ Хераклејски Климент, Високопреподобниот игумен Серафим и со останатото чесно свештенство и ѓаконство на помесната Црква.

На крајот од вечерната богослужба беше отслужи последната заупокоена молитва за Светиот игумен Кипријан Слепченски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *