Почетна Вера ИВЗ Поглаварот на ИВЗ: да создадеме подобри можности и услови во нашето општество
Поглаварот на ИВЗ: да создадеме подобри можности и услови во нашето општество
0

Поглаварот на ИВЗ: да создадеме подобри можности и услови во нашето општество

560
0

Во овие среќни денови Рамазанската школа нè научи да не ги заборавиме нашите луѓе кои имаат потреба: сиромашните, сираците, инвалидите но и нашите исламски институции. Затоа, на крајот на Рамазан, давањето на Садакатул Фитр ни стана обврска, како што Божјиот Пратеник ни покажа дека со давање на Садакатул Фитр го прочистуваме нашиот пост од прекумерни зборови, вели поглаварот на ИВЗ, Шакир Фетаху во пораката за Рамазан бајрам.

-Во овие денови на радоста на Фитер Бајрам, со чисти срца се обраќаме кон Семилосниот Аллах, да ни даде сила на верување, можност да се одвратиме од гревовите, храброст да простиме и да се помириме, да се насмееме со другите, да негуваме сегашна и уште посветла иднина, да создадеме подобри можности и услови во нашето општество за да го запреме трендот на економски миграции. Го молиме Семоќниот Аллах да им даде радост и надеж на срцата на сиромашните, луѓето со физички и духовни проблеми, за денес и секогаш во животот да бидеме среќни и радосни, а пред сè – благодарни на Големиот Бог за неговите добринии што ни ги дал, вели Фетаху.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *