Почетна Вести Почна конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во Зрзе
Почна конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во Зрзе

Почна конзервацијата на фрескоживописот во црквата „Св. Никола“ во Зрзе

242
0

Екипи на Заводот за заштита на спомениците од Прилеп, со поддршка на Министерството за култура, вршат конзервацијата и реставрацијата на фрескоживописот на црквата „Св.Никола“ во село Зрзе, Прилепско, значаен споменик на културата од 14 век, соопшти Министерството за култура.

Zrze sv. nikolaДосега биле извршени истражувачки работи на фрескоживописот, беа отстранети наталожените нечистотии, а во моментов се работи на консолидација на оштетениот обоен слој. Со конзервацијата на фрескоживописот, која треба да биде завршена во 2016 година, во целост ќе биде вратен првобитниот колорит и сјајот на фреските во црквата „Св. Никола“, фрескоживописани од еден од најпознатите сликари Онуфрие, соопштува Министерството.

Црквата „Свети Никола“ е мала еднокорабна црква која е метох на манастирот „Свето Преображение“ во село Зрзе.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *