Почетна Вести Христијанство По реакцијата на Архиепископот за титулата, организаторот му се извини
По реакцијата на Архиепископот за титулата, организаторот му се извини

По реакцијата на Архиепископот за титулата, организаторот му се извини

388
0

Здружение на Бадникови поворки, кое беше организиатор на Божикниот коцерт, му се извини на Архиепископот г.г. Стефан, за погрешно именуваната титула на кајрон од преност на МРТВ, каде наместо „Архиепископ Охридски и Македонски“, пишувало „Архиепископ Охридски“.

Извинувањето доаѓа, откако Архиепископот јавно реагираше и побара извинување од националниот сервис МРТВ, кои пак посочија дека потписот бил корисетен по барање на организиаторот.

Здружението Бадникови Поворки вели дека станува збор за ненамерен пропуст во составувањето на сценариото, отфарлајќи каква било залонамерна предумисла.

-Имено, како што внимателно испитавме и утврдивме, непосакуваниот пропуст настана во воведот на сценариото, односно во обраќањето на почетокот, од каде што потоа вашето скратено ословување се појави и на кајронот при Вашето обраќање, при што јавниот сервис МТВ нема никаква вина по однос на ова непредвидено искушение. А дека се работи за ненамерен пропуст, докажува и тоа што во подоцнежниот дел од сценариото, и од страна на водителот, како и од страна на претставникот на нашето здружение, бевте посочени и повикани на сцената со Вашата полна титула: Архиепископ Охридски и Македонски“. Впрочем, топлиот дух на целата атмосфера, како и љубовта со која Ви се обраќавме – не само ние, туку и пејачката  на концертот, којашто во повеќе наврати Ви се обрати неформално но топло и срдечно – сведочи за нашата верност, посветеност и синовска почит кон Вас. Ние како здружение, верно на нашата најсвета МПЦ-ОА, сме сигурни и постјани во љубовта и почитта кон Вас, Вашата личност, кон Вашето дело и кон местото на Претстојател на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија. Ние сме верници кои го почитуваат редот и поредокот во Црквата и не сакаме никого и со ништо да навредиме, а нашата љубов кон Вас, досега многупати, а вчера особено беше покажана пред лицето на јавноста не како нешто невистинито, туку како изблик на искрена љубов кон Вас од нашето срце. Всушност, и целиот наш волонтерски ангажман кон возобновувањето на автентичните православни традиции за празнувањето на Божик, со поворките и пеењето на преданиските текстови на каландите, е еден наш жртвен и макотрпен принос, но и дар за нашата Црква, како и за Вас како нејзин Поглавар. Не сакаме оваа ненамерна ситуација да фрли сенка на сиот наш досегашен труд, на нашето уважување и љубов кон Вас. Особено не поради лошите намери на поединци, кои без никаков труд, сега сакаат со своето лошо  зборување и злонамерно расудување – правејќи проблем таму каде што го нема, да го урнат тоа што е очигледно – нашата ревност кон верата и преданијата на Црквата, стои во реакцијата.

Претходно Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија г.г. Стефан реагираше со јавен допис од МРТ барајќи обраснување за скратената титула „Архиепископ Охридски.

-Не сакајќи да веруваме дека станува збор за свесно или нарачано искривување на титулирањето на Поглаварот на Македонската Православна Црква ‒ Охридска Архиепископија, Ве замолуваме уште денеска во средствата за информирање на Јавниот сервис да објавите извинување за овој голем превид. Во спротивно ќе бидеме принудени и Ние лично како Архиепископ Охридски и Македонски и сите свештенослужители на Скопската епархија и на други македонски епархии да ја преиспитаме нашата соработка со Јавниот сервис, а којашто сè досега, беше исклучително коректна и плодотворната, стоеше во реакцијата на поглаварот.

Македонската телевизија, која вршеше пренос, се огради од пропустот посочувајќи дека јавниот сервис секогаш се придржува до целосната титула на поглаварот г.г. Стефан.

-За време на вчерашниот пренос на Македонската телевизија од концертот на Бадниковите поворки, неговото блаженство, г.г. Стефан, поглавар на МПЦ – ОА беше потпишан со титулата „Архиепископ Охридски“, на инсистирање и според официјалниот допис од организаторот на манифестацијата, стоеше во одговорот од МРТВ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *