Почетна Вести Христијанство Рускиот митрополит дошол да честита именден на Архиепископот Стефан
Рускиот митрополит дошол да честита именден на Архиепископот Стефан

Рускиот митрополит дошол да честита именден на Архиепископот Стефан

951
0

Рускиот митрополит Антониј, шеф на одделот за надворешни рабпти на РПЦ, во Македонија дошол за да му го честита именденот на Архиепископот Стефан и да и честита на МПЦ-ОА за автокефалноста. Тоа сам го изјави попладнево по средбата во Архиепископијата во Скопје.

„Овде сме како претставници на Руската православна црква за да ги искажеме честитки за неговиот именден кој беше пред неколку дена. Донесовме братски пораки и поздрави од нашиот патријарх“, изјави Антониј.

Иако со него е и половина од составот на одделот за надпврешни работи на РПЦ, вели друга цел немала оваа посета, бидејќи била пријателска.

Таков став дели и портпаролот на Синодот на МПЦ-ОА, Владиката г. Тимотекј. Не откри за што точно станало збор на средбата, но  негираше дека средбата била тајна, иако за неа официјално не објавија ниту нашата ниту, пак, руската црква, а за посетата се дозна од бугарските медиуми.

„Ова е прва негова посета на МПЦ-ОА откако РПЦ не призна какао автокефална црква. Ова е посета за која од страна на рускиот патријарх е задолжен да му го честита именденот на нашиот поглавар. Сето тоа беше еден пријателски разговор околу признавањето на МПЦ-ОА од страна на РПЦ и за понатамошна соработка“, изјави владиката Тимотеј.

По средбата, рускиот митрополит и поглаварот македонски и охридски г.г. Стефан заедно го посетија Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Утре, пак, предвидено е г.г. Стефан и митрополитот Антониј заеднички да сослужуваат на архијерејска литургија во Лесновскиот манастир.

Посетата на рускиот митрополит Антониј се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *