Почетна Вести Христијанство Честитките за именденот, сепак биле порака за „канонска автокефалност“
Честитките за именденот, сепак биле порака за „канонска автокефалност“

Честитките за именденот, сепак биле порака за „канонска автокефалност“

1.12K
0

Денешната средба во архиепископијата во Скопје меѓу руската црквона делегација и македонската црковна делегација била сепак по друг повод, а не поради именденот на Архиепископот г.г. Стефан.

Тоа го открива Руската православна црква, која за средбата објави вест, од која се чита суштината на посетата.

Руската црковна делегација, всушност е составена од членови на РПЦ кои се важен фактор во руската црковна дипломатија, особено на балканот. Покрај Митрополитот Антониј, како шеф на одделот за надворешни работи, тука бил и Николај Балашов од остиот оддел, сега советник на Патријархот Кирил. Заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија Игор Јакимчук, но на изненадување и поглаварот на подворjето на Руската православна црква во Софија архимандритот Васијан, како и помошникот на претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија свештеникот Александар Ершов. Практично целата црковна дипломатија на Руската црква дошла во Македонија. Секако дел од делегацијата беше и рускиот амбасадор во Скопје.

Дополнително, во соопштението на Руската црква јасно пишува дека учесниците на средбата зборувале за актуелните состојби во православниот свет, разговараале за перспективите на развој на односите меѓу Московската патријаршија и Македонската православна црква – Охридската архиепископија и на теми од заеднички интерес.

Она што е најважно е што во соопштението пишува дека руската делегација му ќеститала на Архиепископот г.г. Стефан за „канонската автокефалност“. Тоа практично значи дека советот на руската црковна делегација бил повеќе од јасен. Не за Томос од Вселенската патријаршија и целосно игнорирање на Вселенскиот патријарх.

-Митрополитот Волоколамски Антониј на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан му ги пренесе поздравите и топлите желби на Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Кирил, уште еднаш честитајќи му на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридската архиепископија за доделувањето на канонската автокефалност. Во атмосфера на љубов и братско разбирање, учесниците на средбата разменија мислења за актуелните состојби во православниот свет, разговараа за перспективите на развој на односите меѓу Московската патријаршија и Македонската православна црква – Охридската архиепископија, а се осврнаа и на низа други теми од заеднички интерес, пишува во соопштението на руската црква.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *