Православните цркви во ЕУ ја координираат соработката со европските институции

Date:

Share post:

Православните цркви кои имаат свои официјални претставници пред институциите на Европската Унија ја координираат работата и идните активности преку Комитетот на претставници на Православните цркви при ЕУ – CROCEU.

На состанокот на Комитетот, одржан на 17 септември во Православниот центар „Амбиорикс“ во Брисел, биле разгледани претстојните настани и иницијативи, соработката со други Цркви и организации, како и контактите со европските институции.

Со состанокот претседавал митрополитот белгиски Атинагора од Вселенската патријаршија, а учествувале претставници на Вселенската патријаршија и на Православните цркви на Грција, Романија и Бугарија.

Во рамките на средбата била разгледана и подготовката и координацијата на идните проекти на Комитетот, како и продолжувањето на соработката меѓу православните претставници во Брисел.

CROCEU е основан во март 2010 година како рамка за соработка меѓу официјално назначените претставници на помесните Православни цркви пред институциите на Европската Унија, како дел од одлуките на Соборот на Крит за уредувњето на дијаспората.

Комитетот служи за меѓусебни консултации и координација и за претставување на православните ставови за прашања поврзани со европската интеграција и актуелните процеси во рамките на ЕУ.

Следниот состанок на CROCEU е најавен за 10 ноември 2026 година во Брисел.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img