Мицкоски на литургија во црква во Њу Џерси во пресрет на Мала Богородица

Date:

Share post:

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што оствари и средба со припадници на македонската заедница.

Мицкоски, кој е во посета на Соединетите Американски Држави, на социјалните мрежи објави дека во црквата се сретнал со Македонци од дијаспората.

Посетата на црквата се случува во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој православните верници го празнуваат на 21 септември.

„Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината“, напиша Мицкоски.

Тој порача дека поддршката за македонските заедници надвор од земјата останува силна.

„Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија“, наведува премиерот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img