Почетна Вести Паролин-Вељаноски: Македонија има голем придонес за ширење на Христијанството
Паролин-Вељаноски: Македонија има голем придонес за ширење на Христијанството

Паролин-Вељаноски: Македонија има голем придонес за ширење на Христијанството

78
0

Ватиканскиот Кардинал, Пјетро Паролин, кој е во дводневна официјална посета на Македонија, имаше и кратка неформална средба со Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.

Официјална средба според протоколот немаше предвидено, но Паролин и Вељаноски неформално разговарале на осветувањето на новата Бискупска резиденција во Скопје, на кое присуствуваше и македонскиот претседател на Парламентот.

Според соопштението од кабинетот на Вељаноски, Кардиналот Паролин посебно го истакнал големиот придонес на Македонија и македонскиот народ во ширењето на Христијанството.

Исто така, Паролин изразил задоволство што оваа година во мај на Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методиј во Рим ќе има можност повторно да се сретнат и разговараат.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *