Папата Лав упати силен повик против омразата и антисемитизмот на крајот од генералната аудиенција во Ватикан, потсетувајќи дека на 27 јануари беше одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот.
Папа Лав истакна дека Холокаустот „донесе смрт на милиони Евреи, како и на многу други луѓе“ и повика на „на свет без антисемитизам“, ослободен од предрасуди, угнетување и прогон. Тој нагласи дека ваквиот свет може да се гради само врз темелите на меѓусебна почит и општото добро.
„На оваа годишна и болна годишнина на сеќавање, Го молам Семоќниот за дарот на свет кој повеќе нема да биде обележан од антисемитизам, ниту од предрасуди, угнетување и прогон против ниту едно човечко суштество“, порача папата.
Во своето обраќање, тој повторно апелираше до меѓународната заедница да остане будна, со цел „ужасот на геноцидот никогаш повеќе да не биде нанесен врз ниту еден народ“ и да се изгради општество засновано на почит и солидарност.
Претходно, папата ја одбележа годишнината и со порака на социјалните мрежи, потсетувајќи дека Католичката црква останува верна на ставовите на декларацијата Nostra Aetate и јасно ги отфрла сите форми на антисемитизам, како и секоја дискриминација или вознемирување врз основа на етничка припадност, јазик, националност или вера.

