Почетна Вести Осветен крстот на новата црква во Трстеник
Осветен крстот на новата црква во Трстеник

Осветен крстот на новата црква во Трстеник

178
0

Во росоманското село Трстеник вчера беше осветен светиот крст на новоизградената црква “Свети Петар и Павле”, со чинот на осветување чиноначалствуваше митрополитот Повардарски, владиката Агатангел.

– Како и за сите христијани и за нас е убаво да имаме црква во селото. Црквата со градба ја започнавме во јуни 2014 година. Имаме црковен одбор кој се грижи за прилозите кои се даваат и како доаѓаат средствата така ја градиме. Досега немавме црква. Ние бевме село  без црква.Тоа сакаме да го исправиме.Сакаме да имаме величествен храм .„Свети Петар и Павле“, ја градиме сите жители сложно, мислам дека нас не обедини изградбата, рече во изјава за медиумите Аце Миревски, претседател на месната заедница и додаде дека со години венчавките ги одржувале во Росоман, а погребите директно на гробишта.

Во своето обраќање до присутните, владиката Агатангел повика да си ја сакаме оваа наша татковина, да ја почитуваме, да се сакаме еден со друг и да имаме љубов.

-Утре е прочка. Помладите да одат кај постарите. Братот и сестрата нека се сретнат и нека си простат, порача Агатангел.

Нагласи дека во оваа црква жителите ке си ги извршуваат сите духовни потреби затоа што, како што рече, во овие бурни времиња најпотребен ни е храмот.

Ктитор на црквата е Мирјана Атанасова со семејството.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *