Патријархот српски Порфириј, на свечен прием во Светосавскиот дом на Врачар, му го додели Орденот „Свети кнез Лазар“ на г. Алексеј Евгениевич Лихачов, директор на државната корпорација „Росатом“ и директор на Фондацијата „Христијанско наследство и култура“.
На предлог на Патријархот, Светиот архиерејски синод го одликува г. Лихачов со ова високо црковно признание како знак на благодарност за неговите бројни добротворни дела и за пројавената љубов кон Српската православна црква, како и за придонесот во унапредувањето и зачувувањето на христијанската култура и православното наследство во светски рамки.
На свеченоста присуствуваа г-ѓа Надежда В. Лихачовам г. Егор Скопенко, извршен директор на Фондацијата „Христијанско наследство и култура“ и други гости.
Фондацијата „Христијанско наследство и култура“ е основана со поддршка на руската државна корпорација „Росатом“ и официјално се занимава со промоција на христијанската култура, поддршка на реставрација на храмови и манастири, како и со развој на образовни и меѓурелигиски иницијативи во повеќе земји.
Меѓутоа, во јавниот простор се истакнува дека таа истовремено може да се гледа и како „инструмент за влијание“ во рамките на поголемата соработка меѓу државни и црковни структури во Русија. Некои анализи на надворешни организации и медиуми наведуваат дека такви фондации, поврзани со државни компании и Руската православна црква, во пракса се користат за проширување на соработка и односи со православните заедници во странство и потенцијално за оформување на меѓународни мрежи што може да служат и како дел од пошироки дипломатски активности, како и за стратегии на културно и религиозно влијание во странство, во рамките на таканаречената „мека моќ“.
Во практиката, фондацијата реализира проекти за реставрација на цркви и поддршка на духовно-културни активности во повеќе земји (на пример, во Либан, Сирија, Полска, Босна и Херцеговина и други), како и поддржува студенти и соработка со богословски училишта.

