Почетна Вести Орден на Свети Климент од прв ред за Милан Бандиќ
Орден на Свети Климент од прв ред за Милан Бандиќ

Орден на Свети Климент од прв ред за Милан Бандиќ

427
0

Македонската православна црква, во рамки на јубилејот 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент, го одликуваше со Светиклиментов орден од прв ред Милан Бандиќ, градоначалникот на Загреб.

bandikНа овој начин МПЦ му се заблагодари на Бандиќ за придонесот за изградба на Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ во Загреб-Република Хрватска.

Бандиќ орденот го прими вчера на свечената академија за Свети Климент во Скопје. Благодарност за помошта за изградбата на црквата искажа и владиката Пимен, кој е и надлежен архиереј за црковниот живот на македонските верници во Европа.

Изградбата на македонската црква во Загреб почна во октомври 2014 година. Македонските православни верници од Хрватска, со нетрпение го дочекаа тој момент, бидејќи таа ќе биде едниствена црква на МПЦ во Хрватска и поширокиот регион.

Пред 24 години во Хрватска кога беше формирана Заедницата  на  Македонците и во своите активности ја најави потребата Македонците да добијат свој духовен православен храм.

Дозволата за изградба на црквата „Света Злата Мегленска“ ја обезбеди  Градското загребско собрание, а  црквата се гради  на 700 квадратни метри.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *