Почетна Вести Европа Онуфриј: Нема никакво оправдување за оние кои почнуваат војна
Онуфриј: Нема никакво оправдување за оние кои почнуваат војна

Онуфриј: Нема никакво оправдување за оние кои почнуваат војна

237
0

Поглаварот на Украинската православна црква – Московска патријаршија Онуфриј повика на итен прекин на руската воена интервенција во Украина, посочувајќи дека не постои никакво оправдување за почнатата војна.

Во соопштение, Митрополитот Онуфриј, чија црква е дел од Московската Патријаршија вели дека во воените дејстија загинале голем број цивили.

Во продолжение целото соопштение.

Украинската православна црква е црква на украинскиот народ. Ги обединува верниците на истокот и западот, северот и југот на нашата земја. Се состои од луѓе од различни националности и различни политички убедувања. Но, сите сме едно во Христа. За повеќе од 1000 години историја, нашата Црква секогаш била и останува со својот народ.

Денес, нашата земја минува низ тешка голгота предизвикана од нападот врз нашата земја од трупите на Руската Федерација. Во сите цркви и манастири на Украинската православна црква продолжуваат засилените молитви за што поскоро мир и прекин на крвопролевањето. Постојано повикуваме на мирно решавање на конфликтите преку дијалог. Војната е најлошиот грев на светот. Нè принудува да гледаме на друга личност не како Божја слика, туку како непријател што треба да биде убиен. Затоа, нема оправдување за оние кои започнуваат војни.

За жал, голем број цивили загинаа во текот на овие неколку дена, вклучително и постари, жени и деца; Уништена е хуманитарна инфраструктура – болници, породилишта, училишта, сиропиталишта; а преживеаните се принудени да ги напуштат своите домови, па дури и земјата за да си ги спасат животите, станувајќи бегалци и раселени лица.

Во таа насока, со цел да се спречат уште поголеми жртви и страдања за нашиот народ, ги повикуваме сите оние од кои завис да обезбедат вистински хуманитарни коридори за итна евакуација на цивилите од населените места на линијата на огнот и да ја обезбедат нивната безбедност.

Поради борбите, некои украински војници, при извршување на својата заклетва и должност да ја бранат татковината, за жал беа ранети или заробени. Затоа, Украинската православна црква, грижејќи се за своите сограѓани, бара да покаже човечко сочувство и христијанско милосрдие, да организира екстрадиција на ранетите и да размени воени заробеници.

Веруваме дека нашиот Господ Исус Христос со посредство на Неговата Пречиста Мајка ќе ја зачува нашата земја и нејзиниот богољубив народ и ќе ни го подари долгоочекуваниот мир.

ОНУФРИЈ,
МИТРОПОЛИТ КИЕВСКИ И ЦЕЛКРАИНСКИ,

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *