Почетна Коментар Ангелот на Црквата во Москва… падна
Ангелот на Црквата во Москва… падна

Ангелот на Црквата во Москва… падна

602
2

Во петок попладне Патријархот на Москва ќе застане пред иконата на Богородица, за да ѝ ја испее првата статија од Акатистот. Во часот кога во целиот свет ќе се слушаат врисоците на жртвите од ѕверството што се извршува во Украина со негов благослов, а тој, носејќи ги своите сјајни одежди, ќе се преправа како верен православен христијанин, поточно како застапник за верата. Ќе рецитира убави стихови како што се: „Радувај се, скало небесна, по која Бог слезе“; додека неколку стотици километри од него, во Украина, мајки ги оплакуваат своите деца, мајки ги закопуваат своите ќерки, новородените или неродените внуци, мајки на кои им тече крв наместо солзи од очите.

Сето тоа, затоа што спротивно на Богородица, самиот ја има благословено „скалата“ по која „слегува“ уништувањето и смртта, апсолутниот црн мрак, темнината.

Прашањето е едноставно. Со која смелост тој човек ќе застане пред иконата на Богородица, за да ги испее тие зборови, кога самиот го има благословено тоа крвопролевање?

Како ќе ѝ го испее на Богородица: „Радувај се, преку тебе се отвори Рајот“, кога преку него и со неговиот благослов се отвори пеколот? Бомбите и ракетите што ја срамнија болницата во Мариупол беа наквасени со водата од него осветена.

1.500 души загинаа денеска во Мариупол. Повеќето беа жени и деца. Кој беше нивниот грев, најсвет Патријарху на Москва?

Гревот на Кирил и на неговите луѓе не е само тоа што не вели ништо против таа неправедна војна; не е само тоа дека наоѓа неверојатни обвинувања, за да ја оправда; најголемиот негов грев е тоа што сите овие години за конкретниот човек што ја управува неговата земја, иако го гледаше каде ја води и какви цели имаше, не само што не создаде неопходни духовни „анти-тела“ во неговото место, за ниеден водач да не може да започне едно такво крвопролевање, туку учествуваше активно во издигањето на тој изрод, на тоа чудовиште што денес ја растргнува Украина и го влече сиот свет во темнина.

Одбивам да генерализирам дека тоа е Русија, но сигурно она што го претставува Кирил не е Црква. Јас и Патријархот на Москва сигурно не веруваме во ист Бог. Може се крстиме на истиот начин, го кажуваме во храмовите истото „Верувам“, ги имаме истите Светители, но во моите очи (и ве молам, простете ми што зборувам во прво лице) единственото заедничко нешто што го има тој човек со мојата вера е пеколот. Зашто сè она што го застапува и сè она што го поддржува, во мојата Вера е опишано во пеколот.

Кирил и неговите луѓе одбраа пред некое време да го прекинат Општењето со Вселенската Патријаршија, со Црквата на Грција, со Патријаршијата на Александрија и со Црквата на Кипар. Тогаш сите или барем повеќето рековме дека треба да ги задржиме ниско гласовите, за да се најде начин да се вратат, оти не е добро Православието да се расцепи за едно административно прашање.

Но, веќе настаните нè одминаа. Кирил веќе го има прекинато не само ппштењето, туку и секоја врска со она што се нарекува источна Православна Црква. Дури и еден слеп би можел да види дека Ангелот на Москва има паднато… е отпаднат.

МОЖЕБИ Е МОМЕНТ ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА, ВИСТИНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА ДА ГИ ДОНЕСЕ СВОИТЕ ОДЛУКИ.

Фотографиите што следуваат се од страдањето на жените и децата во Мариупол денес. Сурови сцени, но некогаш треба да ја погледнеме вистината во очи и некогаш да се ослободиме. Ми ги прати еден украински свештеник, о. Сергиј Горбиг, кој во овој момент додека ви пишувам, тој е со војниците во Лвов.

Свои фотографи ми прати еден друг клирик од Мариупол… Мариупол… градот на Марија. На таа Марија на која бесрамно ќе ѝ упати „Радувај се“ паднатиот ангел на Москва.

/Пишува: Андреас Лударос

ИЗВОР

Коментар(2)

  1. Очигледно е дека од Житијата на Светите авторот на овој текст ги има избришано имињата на Св. Цар Константин, на Св. Цар Јустинијан и на многумина други благоверни цареви кои во текот на своето владеење војувале често и чии победи Православната Црква дури и ги слави како очигледна помош и Промисла Божја во нивните праведни војни заради нивната христољубивост. Но денешниот западноевропски или проамерикански ориентиран човек, па и денешниот христијанин, не би сакале да се соочат со тој ужас. Тоа излегува од зоната на нивниот конфор. За нив подобар е секој лажен мир од која и да е праведна војна. За нив праведни војни нема. Нив борбата против перфидните завери на кнезот на овој свет едноставно не ги интересира. Ниеден христијански државник според нив нема право да поведе војна против светското зло. За нив таква легитимна (во духот на Преданието на Светите Отци) војна не постои, тоа не би можела да биде борба со крв и со плот, туку може наводно да биде само некоја духовна борба или пототчно кажано борба за човекови права, што е точниот опис на горниот текст. За нив ни Св. Пророк Елисеј од кого современите израилски цареви барале и добивале совет и благослов во војните со соседните противнички народи не е на списокот на Божјите Светии. Спискот со имиња на Светители кои биле големи стратези, војсководци или обични војници во Минеите на Православната Црква е многу долг за да се осмелиме да го пренебрегнеме фактот на војната како несакана, но честопати неизбежна реалност во христијанскиот свет. Значи, од која позиција зборуваат гласноговорниците на украинската нацистичка кауза и нивните разноразни покровители и бранители денес? На која сентиментална нишка гудаат нивните псалми? Каде е пепелта врз нивните глави, нивното покајание и прозба за откровение околу смислата на оваа војна!? За жал, Вие не пишувате молитвено за мир меѓу два братски народи туку за својот очигледен интерест за превласт во Православието. И се разбира, за среќа, Бог е Жив!

    1. Преубаво кажано,речено и напишано Господ да те благослови сестро Ксенија …

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *