Ограбена црква во Тетово

Date:

Share post:

Sv._Bogorodica_vo_Tetovo_010Две засега непознати лица извршиле тешка кражба во црквата Света Богородица во тетовската населба Горна Чаршија.

Како што информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски кражбата се случила во сабота околу три часот и десет минути по полноќ откако непознатите насилно ја отвориле двокрилната влезна врата од црквата.

По влегувањето внатре тие од метална каса за прилози на верниците одзеле околу три илјади денари во разни апоени, но во тој момент се вклучил сензорот за светло и откако црквата се осветлила крадците со одземените пари избегале. Полцијата извршила увид и работи на идентификување и приведување на сторителчите на кражбата, рече Јосифовски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img