Почетна Вести Христијанство Официјално соопштение од Ватикан за посетата на Архиепископот Стефан
Официјално соопштение од Ватикан за посетата на Архиепископот Стефан

Официјално соопштение од Ватикан за посетата на Архиепископот Стефан

2.93K
1

Папскиот совет за промовирање на христијанското единство на Ватикан објави официјално соопштение за средбата на Архиепископот Стефан со Кардиналот Курт Кох, префект на дикастеријот за промовирање на црковно единство, која се случи на  26 февруари. Во соопштението нема многу детали, освен дека било разговарано за „тековните односи и идната соработка меѓу Црквите“. Сепак она што од соопштението е забележително е именувањето кое Ватикан го користи за МПЦ-ОА.

Архиепископот Стефан е титулиран како „Негово Блаженство Стефан, поглавар на Православната црква – Охридска Архиепископија“.

-На 26 февруари, кардиналот Курт Кох, префект на Дикастеријата за христијанско единство, се сретна со Неговото Блаженство Стефан, поглавар на Православната црква – Охридска архиепископија, во Каза Санта Марта, каде што разговараа за тековните односи и идната соработка меѓу Црквите. Делегацијата потоа замина во Базиликата Свети Петар, каде ги дочека Монсињор Калогера Ла Пиана, каптолски викар на кардиналот надсвештеник на Базиликата, за да се поклонат на моштите на Апостолот Петар и да ја посетат Базиликата. Беше тоа прва официјална посета на Неговто Блаженство Стефан како поглавар на Православната Црква – Охридска Архиепископија, која неколку Православни Цркви сега ја препознаваат како автокефална, стои во соопштението од Канцеларијата на Кардиналот Кох.

Коментар(1)

  1. Не е тоа неписменост на Ватикан, тие се неписмени за многу нешта, но не и за прашања од политичко значење. Колку за толку (а и повеќе), тие се ерудити на сите научни полиња. Значи, би го именувале правилно Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, ако би сакале. Но, проблемот е во тоа што Папата Франциск многу гласно и од јасна позиција ја поздрави промената на името на нашата Татковина под агресивните политички притисоци на соседна Грција и на нејзините европски покровители. Дури договорот од Преспа го посочи како пример на позитивно, плодно решение на еден долгогодишен политички спор. Наместо да побара дел од моштите на Св. Кирил Солунски од Ватикан, или попријателски ќе беше Ватикан да се досети на таков гест без да биде побарано од македонска страна, таа безочна, на сите рамништа дрска и саможива клика се осмелува да врши притисоци врз архиереите на Македонската Православна Црква по украинското прашање. Не е време да се биде прагматичен (богоотстапниците секогаш тоа и биле). Време е да се отфрлат сите лаги на лукавите, особено после високата цена на чистотата на верата чувана со векови, и време е да се остане на тесниот пат на православниот опит, кој веќе ги дал своите скапоцени плодови во нашата прекрасна Македонија, во пазувите на нашата Света Мајчица, Македонска Православна Црква. Инаку, не е лошо да се проучуваат состојбите на меѓународен план, но критериум на секој еклисиолошки чекор мора да биде Богочовекот Христос и автентичното Откровение на Светото Предание, а не амбициите и тоталитаристичките чадори на оние кои многупати го продале тоа Предание за своите земни интереси. Со сета почит кон искрените христијани со автентичен духовен подвиг во овој свет…

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *