Почетна Вести Христијанство Богдaновски: Му пренел ли Стефан на Амбасадорот Јураш дека ПЦУ е неканонска црква за МПЦ?
Богдaновски: Му пренел ли Стефан на Амбасадорот Јураш дека ПЦУ е неканонска црква за МПЦ?

Богдaновски: Му пренел ли Стефан на Амбасадорот Јураш дека ПЦУ е неканонска црква за МПЦ?

2.07K
1

Андреја Богдановски, доктор по безбедносни студии на Бакингемскиот Универзитет во Велика Британија, чиј главен научен фокус се (гео)политиките на Православната црква, сподели фотографија на својот Фејсбик профил од средба на Архиепископот г.г. Стефан во Ватикан со украинскиот амбасадор во Светата Столица, Андриј Јураш.

Богдановски во коментар праша дали Архиепископот му пренел на амбасадорот Јураш дека за МПЦ-ОА, Православната црква на Украина не е канонска црква.

-Како течел разговорот помеѓу г.г. Стефан и амбасадорот на Украина во Ватикан (Андриј Јураш) кој впрочем е и голем поддржувач на Православната Црква на Украина?

Му пренел ли Стефан на Јураш дека за МПЦ-ОА ПЦУ е неканонска црква и дека ќе чека на руската црква прво да ја признае ПЦУ на Епифаниј за да МПЦ пружи рака кон ПЦУ?, праша на Фејсбук д-р. Андреја Богдановски.

Инаку од фотографиите од посетата на македонската црковна делегација на Рим, може да се забележи дека украинскиот амбасадор бил гостин на сите јавни важни настани на МПЦ-ОА, меѓу кои и на молебенот на гробот на Свети Кирил, што е исклучителна негова почит кон Македонија и МПЦ-ОА.

Коментар(1)

  1. Доктор по безбедносни студии на Бакингемскиот Универзитет, чиј главен научен фокус се (гео)политиките на Православната Црква?! (Додуша авторот на овој текст ја пишува “црква”, со мало “Ц”, како нешто чија важност барем со правописни алатки може да се минимизира)… А зошто дотичниот Богдановски смета дека Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан треба нему, преку медиумски настап, да му даде отчет за содржината и намерата на својата посета на Ватикан? Зашто така го научиле во Бакингем? Или затоа што неговиот “научен” фокус на (гео)политиките на Православната Црква открива од еклисиолошки аспект една горе-долу некадарно поставена активност, со оглед дека богословски невтемелени студии, а тешко дека се работи за сериозни студии, може да бидат само еден вид систематизирани “опсервации” со историско-политички критериум, каде не постои никаква ориентација за односот на силите: меѓу квалитетот на титулите на еден Поглавар на Помесна Православна Црква, на еден римокатолички ерарх, и (уште покомично!) – на еден гостин-амбасадор на земја со критичен геостратешки и еклисиолошки статус. Можеби бакингемскиот докторант смета дека самовласните духовни величини се испорачуваат ја од Бакингем ја од Ватикан, ама научно видливите меридијани и духовните не можат да се поврзат ни на сон не само од неговата PhD перспектива туку и од многу пософистицирани позиции на духовно активната екумена.За почеток, знајте си го местото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *