Почетна Вести Одлуките од Кртитскиот Собор задолжителни за сите Православни цркви
Одлуките од Кртитскиот Собор задолжителни за сите Православни цркви

Одлуките од Кртитскиот Собор задолжителни за сите Православни цркви

282
0

Одлуките од Критскиот Собор мора да бидат задолжителни за сите Православни цркви. Со ваков став излезе Цариградската Патријаршија, по завршувањето на Соборот.

Претставникот на Вселенскиот патријарх архиепископ Јов на брифинг во петокот тоа како одговор и го дал на прашање на една руска новинарка.

27862066466_d82a90bba0_k-Доаѓате од демократска земја каде што од сите се очекува да учествуваат во гласањето. За жал, не сите учествуваат во гласањето. Значи ли тоа дека гласањето што се извршило во вашата земја, е нелегитимо?, одговорил претставникот на Вселенската патријаршија.

Во работата на Критски собор не учествуваа Бугарската, Антиохиската, Грузиската и Руската цркви.

Архиепископот од Вселенската патријаршија изјавил дека поглаварите на Православните цркви, собрани тука за Светиот и Велики собор, изразиле надеж дека соборот ќе стане нов орган на Православната Црква, кој ќе се свикува редовно, за да ги решава проблемите со кои се соочуваат православните во XXI век.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *