Почетна Анализа Напади врз христијани во бегалските кампови во Германија
Напади врз христијани во бегалските кампови во Германија

Напади врз христијани во бегалските кампови во Германија

293
0

Скандалот го има потенцијалот на настаните од Келн. Хуманитарната организација „Опен дорс“ наведува низа инциденти во бегалските домови каде бегалци се малтретираат од други бегалци зашто се – христијани.

Рамин Ф. се чувствува прогонуван и тука во Германија. Тој доаѓа од Иран, каде преминал во христијанство, што за тамошната држава е непростливо „злосторство“. Сега како бегалец живее во еден дом во источниот дел од покраината Бранденбург и вели дека меѓу 120 бегалци има 8 христијани како него. „Кога другите дознаа дека сум христијанин, почнаа да ми прават проблеми“, сведочи тој.

Муслиманските бегалци одбивале да учествуваат на курсот по германски јазик зашто не сакале да бидат во иста просторија со „еден нечист“. Му краделе облека, дури и храна, го предизвикувале за да се впушти во тепачка, а кога ќе легне во кревет, дигале бучава. Тврди дека дури почнала и косата да му паѓа.

Кај ваквите конкретни сведочења надлежните служби не одат толку далеку за да ја негираат вистинитоста на исказите како на Рамин Ф., но тврдат дека станува збор за осамени случаи. За тоа се разговараше на една конференција во Берлин, каде претставници на двете цркви во Германија, Католичката и Евангелистичката, го изнесоа мислењето – ваквото малтретирање на христијаните е исклучок. Сепак, и некои црковни организации тврдат – има можеби илјадници вакви случаи и политиката е повикана нешто да преземе.

„ДА СЕ ПРЕКИНЕ СО ЗБОРУВАЊЕТО ЗА ’ОСАМЕНИ СЛУЧАИ’“

Германската хуманитарна организација „Опен дорс“ е христијанска организација блиска до конзервативните кругови на Евангелистичката црква. Нејзиниот челник Маркус Роде зборува за критична состојба и дека „мора да се каже вистината“. Тој ги обвинува германските политичари и црковни институции за вртење на главата од чувствителните прашања и минимизирање на проблемот на напади на мнозинските муслимани во бегалските прифатилишта врз малцинските христијани. Потребата за отворање на темата, според него, се темели врз желбата на многумина доброволни помагачи кои не се осудуваат да зборуваат, но и на молбата на полицијата на која и‘ е забрането да зборува за тоа.“

germanija beg 1Оваа организација се обидела самата да открие случаи на злоставување. Се јавиле 231 бегалец, првенствено од Сирија, Ирак и Авганистан, од кои многумина преминале од ислам во христијанство. Пасторот Готфрид Мартенс тврди дека само во околината на Берлин има „стотици случаи“.

„ЧУВАРИТЕ, ПА ДУРИ И ДИРЕКТОР НА ПРИФАТИЛИШТЕ“

Што е најлошо, речиси половина од пријавите се во врска со случаи на малтретирање извршени од припадници на службите за обезбедување во бегалските домови. Меѓу нив своевремно имаше доста случаи на расизам, па дури и припадници на неонацистички организации, но тука надлежните реагираа многу брзо и ефикасно, ангажирајќи лица од странско потекло кои веќе живеат во Германија. Но, се чини дека сега е отидено во друга крајност, „чуварите се избираат само според критериумот познавање на јазикот и обемот на бицепсот“, вели Мартенс. Нему му е познат и случај директор на бегалско сместувалиште, по потекло Авганистанец, да искине примерок од библија и на христијаните да одбие да им одреди кревет за спиење.

Ако бегалците треба да се плашат дури и од чуварите, тогаш ситуацијата е неиздржлива, така на бегалците и овде им се скратува правото на слобода на вера, поради кое побегнале од своите домови, вели Роде. Во 2015 година „Опен дорс“ упатиле петиција до генералниот секретар на ЦДУ Петер Таубер за евиденција на вакви случаи.

„СИТЕ ОБВИНУВАЊА СЕРИОЗНО СЕ ПРИФАЌААТ“

Повеќе хуманитарни организации затоа предлагаат зголемување на бројот христијани во одделни прифатни центри, пасторот Мартенс дури се залага и за целосно раздвојување на муслимански и немуслимански бегалци. Реакциите на официјалните кругови се категорични: ополномоштеникот на ЦДУ за верски прашања Франц Јозеф Јунг тврди дека „сериозно се прифаќаат сите приговори од ’Опен дорс’ и бегалците не смеат кај нас да имаат чувство на изложеност на прогон ист како и во нивните татковини.“

germanija begТој ветува и промени во начинот на избирање чувари и служби за обезбедување во прифатилиштата, како и формирање централно место за собирање на извештаите за случаи на малтретирање на христијани и други малцински групи. Пратеникот на ЦДУ Хериберт Хирте е против одвоено сместување на муслимански и христијански бегалци, инсистира во прифатилиштата да владее темелниот принцип на слобода на вероисповедта и „на сите кои ни доаѓаат, тоа да им се објасни од првиот ден.“

DW.COM

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *