Почетна Анализа Добротворни дела за кампот за веронаука на Бигорскиот манастир
Добротворни дела за кампот за веронаука на Бигорскиот манастир

Добротворни дела за кампот за веронаука на Бигорскиот манастир

757
0

Со детска песна и претстава денеска во хотелот „Континентал“ во Скопје се одржа двочасовна добротворна манифестација за собирање на средства за доизградба на првиот летен камп за веронаука наречен „Светите Кирил и Методиј“, кој се наоѓа склоп на Бигорскиот манастир.

13220082_10208688915447730_88162842_nМногубројните посетители не можеа да ги скријат насмевките од нивните лица, особено кога главна улога имаа децата во песните, рециталите и драматизациите за Воскреснатиот Христос, со што се покажаа и првите резултати од досегашната работа со најмладите.

Целта за изградба на овој камп е во најавтентични услови најмладите да се сретнат со Бога и со православната вера, како и да ги стекнат сите оние особини со кои треба да се одликува една доблесна, полезна, зрела и одговорна личност.

13219553_10208688917767788_415652751_nНа конференцијата свое излагање имаше и сестра Ефимија, монахиња од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“-Рајчица, која рече дека на идните посетители на камповите по веронаука ќе им овозможат нивната средба со Бога да биде збогатена и со рекреација, игри, другарување среде недопрена природа која придонесувајќи за нивното физичко здравје, истовремено ќе го воспитува и нивниот дух.

„Божјата промисла уште од самиот почеток си донесе свој благочестив ктитор, кој ревносно се зафати со исполнувањето на ова благородно дело. Тоа е семејството Џиковски, што речиси веќе три години неуморно се залага за довршувањето на изградбата на овој толку полезен објект. Храмот којшто тука ќе никне во чест на Свв. солунски браќа Кирил и Методиј, преку богослужбите ќе ги исполнува детските срца со чиста вера и љубов, а разговорите и мудрите поуки, поттикнати од благодатта и молитвеното застапништво на нашите словенски учители, ќе изгради во нив една силна внатрешна свест за заветот на нашите славни предци, за достоинството на нацијата на која припаѓаме, за долгот на љубов кон Татковината, семејството, ближните. И тоа треба да биде наш постојан патоказ во животот и да ги мотивира сите наши идни постапки“, рече сестрата.

13250343_10208688918087796_505541880_nТокму затоа, според Ефимија, со оваа манифестација сакаат да ги  запознаат посетителите со она што веќе се случува во нашите манастири, а се надеваат за кратко време, со залагањето на сите нас, ќе добие и своја вистинска полнота во живописниот Бигорски скит во селото Битуше. Така сите ние, вели монахињата, заедно стануваме градители на една поубава, поздрава и подуховна иднина на нашите поколенија.

„Денес за нас нема поважна мисија од духовното воспитување на најмладите, кои како иднина на нашата Света Црква и Татковина се надеж и утеха за сите нас. Всушност, искрено се надеваме дека пораката што ја испраќаме ќе допре до многу срца, и дека многу од вас ќе посакаат и вашите деца да ја доживеат радоста и убавината на другарувањето со Бога и со ближните. Ние многу би се радувале доколку во иднинаво Бигорскиот скит Свв. Кирил и Методиј постојано одѕвонува детскиот џагор, и стане претесен за да ги прими сите оние деца и млади луѓе што искрената желба на срцето ќе ги донесе овде, за да го споделат искуството што веќе го живеат децата кои ви се претставија вечерва“, нагласи сестра Ефимија.

13236295_10208688921727887_1562716996_nВаквата донаторска средба ја организираше Здружението на православни вредности, а кампот се гради по иницијатива на игуменот на Бигорската обител, архимандритот Партениј.

Според него, веронауката е една силна потреба за правилен развој на личноста и таа претставува темел на образованието.

„Христијанството е учење коешто во душите на младите луѓе внесува радост, мир, љубов, надеж и светлина. Доколку тоа се начелата по коишто се раководи човечкиот живот, овој свет би бил едно навистина прекрасно место, една вистинска оаза на радоста и љубовта. Токму затоа, сите ние, и Црквата како духовен воспитувач и државните институции, особено оние коишто го организираат и реализираат образовниот процес, имаме света должност да им го направиме на младите достапно ова учење“, потенцира отецот Партениј.

Р.З.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *