
173
0
Муслиманската заедница во градот Рипол во северна Шпанија ги осуди неодамнешните терористички напади во Барселона и Камбрилс, за кои се верува дека го извршија Мароканци од тој град.
Во пораката објавена на џамијата во Рипол, исламската заедница вели дека сочувствува со семејствата на жртвите и изразува солидарност со Барселона, Каталонија и Шпанија.
Претходно стотина припадници на муслиманската заедница во Барселона се собраа на улицата Рамблас за да пратат порака дека они не се терористи.Притоа извикуваа пароли „Ние не сме терористи“ и „Исламот е мир“.
/MAKFAX