Почетна Вести МИЛЕВСКИ: Јас знам дека отец Партениј ќе ви прости, бидејќи вие не знаете ни што зборувате ни што правите
МИЛЕВСКИ: Јас знам дека отец Партениј ќе ви прости, бидејќи вие не знаете ни што зборувате ни што правите

МИЛЕВСКИ: Јас знам дека отец Партениј ќе ви прости, бидејќи вие не знаете ни што зборувате ни што правите

2.84K
1

Претседателот на ЛДП Горан Милевски, кој е во коалиција со СДСМ и пратеник во Собрание, преку својот фејсбук профил му даде целосна поддршка на Архимандритот Партениј.

Поддршка и од мене за нашиот и мој духовен водач, отец Партение. Се воздржував од коментар до сега, иако многумина очекуваа од мене да реагирам. Едноставно знаев дека отецот е доволно мудар и самиот да се одбрани, но и не сакав да ја политизирам состојбата. Но повеќе неможам да молчам и да ја трпам оваа неправдина.

Којшто не го запознал отец Партениј не знае за каква личност станува збор. Не знае колкав голем човек е, духовник од највисок ранг, хуманист каков што не сте запознале во животот. Којшто не го запознал отец Партениј, не знае какви се дела има оставено зад себе. Колку млади деца има спасено од смрт и ги има насочено на вистинскиот пат. Колку е посветен на својата мисија.

Колку многу работи во име на добробитието на целиот македонски народ, православие и за сите кои живеат во Македонија.Нека се срамат сите оние кои пробаа да го извалкаат неговото чесно име и дело последниве денови. Нека се срамат оние кои си ја поганеа устата со валкани навреди.

Јас знам дека отецот ќе ви прости, бидејќи вие не знаете ни што зборувате ни што правите.

Ние кои сме имале среќа да го запознаеме лично, ние кои имаме благослов да сме негови духовни чеда, со мачнина во душата ја доживуваме оваа неправда која му се прави на овој наш и на секого драг отец.

Ниту една црна пропаганда нема да му наштети и да го наруши угледот на отецот Партениј бидејќи целото братство и сестринство сме сплотени со него како никогаш до сега.
Нападот врз него е напад врз секого од нас.

Овие клевети ни даваат на сите поголема сила, уште порешително да се спротивставиме на инквизициските мрачни сили кои сеуште се активни во нашата Македонија.

Отецу продолжете по вашиот пат. Ние сме тука да ве следиме, пишува претседателот на ЛДП Горан Милевски.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *