Почетна Вести Европа Муслимани во Берлин клањаа џума на улица пред запалената џамија
Муслимани во Берлин клањаа џума на улица пред запалената џамија

Муслимани во Берлин клањаа џума на улица пред запалената џамија

198
0

Иако било многу студено, сепак голем број муслимани се собрале покрај џамијата, со која инаку управува Турската исламска заедница во Германија (ДИТИБ), за да преку молитва изразат солидарност и единство. Неколку стотици муслимани клањале џума-намаз на улицата пред џамијата “Koca Sinan” во германскиот град Реиникендорф во Берлин, која беше запалена во неделата рано утрината, јави агенцијата Анадолу (АА)

На молитвата присуствувал и амбасадорот на Турција во Берлин, Али Кемал Ајдин, генералниот конзул на Турција во Берлин, Мустафа Челик, и градоначалникот на Истанбул, Мустафа Јенароглу.

Бајрам Турк, имам на џамијата во Берлин, истакнал дека ниту еден човек нема право да ги навредува и угнетува другите и да се смета себеси супериорен во однос на расата, верата, бојата на кожата, полот, народот на кој им припаѓа и географскиот простор од кој доаѓа, потсетувајќи дека исламот строго ги отфрла секој вид на расизам.

Тој потенцирал дека бројот на напади врз џамиите во Германија значително се зголемил во последниве неколку дена, што предизвикува вознемиреност и загриженост кај муслиманите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *