
Главниот муфтија на исламската верска заедница во Бугарија, Мустафа Хаџи бил дел од државната прослава на 3 март, националниот ден на Бугарија.
Муфтијата учествувал и во официјалниот дел каде ги поздравил Претседателот, Спикерот на парламентот, Премиерот и Бугарскиот патријарх Неофит.
Верските лидери учествувале во церемонијата на свеченото подигање на националното знаме пред споменикот на незнајниот јунак и учествувал во свечената поворка пред Народното собрание.
-Во историскиот календар на Бугарите има датуми и настани, кои го промениле во основата патот на нашиот народ. Ние слободните Бугари, денеска го одбележуваме крајот на Руско-турската ослободителна војна. Денеска оддаваме пошит на херојската саможртва на сите оние кои го дале својот допринос за бугарската лобода, изјавил Бугарскиот претседател, Росен Плевнелиев.