Почетна Вести МПЦ до партиите: Крајно време е да се договорите за доброто на сите
МПЦ до партиите: Крајно време е да се договорите за доброто на сите

МПЦ до партиите: Крајно време е да се договорите за доброто на сите

1.54K
0

mpc grb 2Синодот на Македонската православна црква повикува да прекинат безразумните и неодговорни однесувања во државата и политичките партии да го покажат своето родољубие и човекољубие и да ја оправдаат дадената доверба.

-Крајно време е да се договорат во духот на правдољубието за доброто на сите, стои во Апелот од Владиците на Синодот на МПЦ-ОА.

Истовремени Архиереите на МПЦ повикуваат на да прекинат поделбите на Македонците и да не се дозволи неединство да се употребува против самите.

– Не смееме да дозволиме државата, нашиот заеднички простор, да стане сопственост на оние чии интереси се судруваат на улиците, во институциите, низ населените места, како што се случуваше при вчерашните настани, апелираат Членовите на Синодот на МПЦ-О

Во продолжение целсниот апел на САС на МПЦ-ОА.

Македонската православна црква со должно внимание ги следи настаните што веќе подолго време го обременуваат нашиот македонски народ, секојдневието и воопшто живеењето на сите во Република Македонија.

Со жалење мораме да констатираме дека сите сме жртви на туѓи желби и на интересите на малкумина. Нам секогаш ни се случува тоа – нашето неединство да се употребува против нас самите! Како најмногу да размислуваме на тоа – како да му се наштети на оној што поинаку мисли!

И оваа прилика е историска можност да покажеме дека навистина ја сакаме слободата и нашата татковина Македонија – платени со бројните жртви на нашите предци, кои во аманет ни ги предадоа да ги чуваме не само за нас, но и за следните генерации. Не смееме да дозволиме државата, нашиот заеднички простор, да стане сопственост на оние чии интереси се судруваат на улиците, во институциите, низ населените места, како што се случуваше при вчерашните настани.

Затоа, во деновите на Велигденскиот пост, периодот кој од Бога е даден за особено стекнување на добродетелите што треба да го красат секој човек, а за отргнување од лоши дела и постапки, Македонската православна црква повикува на смирение, добра волја и меѓусебна љубов.

Повикува на воздржување од дејства кои ја загрозуваат државната, но и безбедноста на луѓето, на домот, на семејството, на сите воопшто. Апелираме до политичарите, партиите и институциите да го покажат своето родољубие и човекољубие и да ја оправдаат дадената доверба. Крајно време е да се договорат во духот на правдољубието за доброто на сите! А тоа најдобро ќе го направат во мир и со покајание, со барање и давање прошка, со искрено подавање рака – онака како што им доликува на вистински браќа!

Само така, сплотени и единствени, достојно ќе го дочекаме најголемиот христијански празник – Велигден.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *